5 квалитети на мажите кои знаат како да ја освојат и задржат жената

Сите знаеме барем еден таков маж во животот. Тој нема проблем да освои некоја жена. Но, не само тоа. Најважното е што тој успева да го задржи нејзиниот интерес и покрај првичното привлекување.

5-kvaliteti-na-mazite-koi-znaat-kako-da-ja-osvojat-zenata-01.jpg

Во што е тајната? Кои се квалитетите кај мажите кои умеат да ја задржат добрата жена покрај себе?

Почит и внимание

Жената нема да може да му одолее на мажот кој ја става неа на прво место, наместо себеси. Наместо да глуми алфа мажјак или да се истакнува со непромислени шовинистички коментари, добриот маж знае дека жената вреди подеднакво колку него.

Воедно, делата зборуваат многу погласно од празните зборови и ветувања. Тој е добро воспитан и има манири на џентлмен. Тоа се навидум ситници кои многу им значат на жените, како отворање врата, подарување цвеќе без повод или почитта која тие ја искажуваат кон својата мајка, сестра и генерално женскиот род.

Доколку тој без проблем ја откаже договорената средба со пријателите само затоа што вам ви е итно потребен, не се сомневајте дека си имате работа со вистински маж.

Флексибилност

Луѓето генерално обожаваат да кројат планови за иднината, но животот многу пати нè изненадува кога најмалку очекуваме. Мажите кои се флексибилни и без проблем умеат да се адаптираат на новиот план навистина го гледаме со восхит и благодарност.

Способноста тој да се носи со (не)очекувани проблеми зборува многу за неговиот карактер. Тоа значи дека утре нема да почне да паничи или да избега на првата пречка, поради сопствената неспособност да се справи со промените.

Самодоверба

Овој квалитет не треба да се меша со егоцентричност или нарцисоидност. Мажот кој има самодоверба не е вљубен во себе, туку е свесен за своите квалитети и не дозволува никој да го манипулира.

За разлика од егоистот, мажот кој има самодоверба е скромен и од него нема да чуете пофалби упатени на сопствената сметка.

Мажот кој се почитува себеси ќе ја почитува и жената која ја одбрал.

Способност да се преиспитува себеси

Жени, бегајте што подалеку од мажите кои тврдат дека знаат сè! Оние мажи кои никогаш не ги преиспитуваат своите постапки и кои мислат дека не може да научат ништо од своите грешки (или уште полошо–мажи кои мислат дека воопшто и не прават грешки), ставете ги на црната листа.

Ваквите мажи се незрели, недораснати деца.

Сигурност

Сите во себе носиме одредени комплекси и стравови, без оглед на тоа дали ги препознаваме и признаваме. Меѓутоа, само најхрабрите мажи ќе успеат јасно да ги истакнат своите тајни и стравови, а притоа нема да дозволат овој дел од карактерот да им влијае врз односот што го имаат со партнерката.

Воедно, мажите кои умеат да ѝ понудат стабилност на една жена се особено привлечни. Нема ништо подобро од чувството да знаеш дека некој е тука покрај тебе кога тоа ти е потребно.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg