Ситуации кои се прифатливи за неговата несигурност околу бракот и за кои постои решение
Почетокот на врските е речиси секогаш совршен и проблемите и стравот од понатамошното одвивање на работите стапуваат кога ќе станете поблиски и можеби кога ќе настапи монотонија.
Сепак, секогаш едниот партнер е повеќе „загреан“ од другиот за носење на сериозната врска на повисоко ниво и е повеќе подготвен за брак од другиот.
Постојат многу причини и фактори зошто дечкото може да не е сигурен кога станува збор за брак, а некои од нив се прифатливи, други пак, не се воопшто основана причина.
Доколку имате таков проблем, во продолжение погледнете во кои ситуации е нормално тој да не е подготвен и треба да имате разбирање.
Сите овие ситуации имаат решение и може да се даде малку време, но не премногу и треба заеднички да се надминат:
1. Загрижен е за трошоците за свадбата
2. Сака да почека да најде подобра работа
3. Неговите родители се разведени и има страв
4. Неговите пријатели имаат лошо искуство од бракот
5. Мисли дека не е вистинско време (но дека не е многу далеку вистинското)
6. Сака да испланира посебно запросување за кое му треба време
7. Не сака да бара пари од семејствата за трошоците
8. Сака да заштеди за прстен кој ќе го обожавате
9. Исплашен е од следниот чекор, но не го одбива целосно
М. М. | Црнобело