7 причини зошто се плашите од врзување и што да направите во врска со тоа

Врзувањето, без разлика какво е, за некого е застрашувачки чекор што предизвикува грчење во стомакот и анксиозност.

7-prichini-zoshto-se-plashite-od-vrzuvanje-i-shto-da-napravite-vo-vrska-so-toa-01.jpg

Во време кога сè повеќе луѓе се одлучуваат за отворени врски или за секс без обврски, врзувањето на некој начин станува табу-тема. Многу луѓе се плашат да вложат време и емоции во врската, дури и кога имаат чувства кон другата страна.

Иако некои луѓе се среќни со својот необврзувачки живот, постојат и такви кај кои ова е само привремено. Понекогаш, ваквата одлука доаѓа по лоши искуства од минатото или ако личноста била повредена по некоја врска.

Ова се најчестите причини зошто луѓето се плашат од врзување:

1. Се чувствувате ранливо

Како човечки суштества, во нашата природа е да бидеме себични и горделиви, со цел да се заштитиме од тоа да бидеме повредени. Сепак, ако е премногу изразено, ова воопшто не е добро за односите со другите.

Решение: Сосема е разбирливо да сакате да се заштитите себе, но никогаш нема да научите нови нешта и техники ако не дозволите некој да ви пристапи. Дури и ако повторно бидете повредени, таа лекција ќе ве направи поцврсти во иднина.

7-prichini-zoshto-se-plashite-od-vrzuvanje-i-shto-da-napravite-vo-vrska-so-toa-02.jpg

2. Секогаш барате нешто подобро

Луѓето сакаат да се натпреваруваат, дури и со самите себе и сметаат дека секогаш можат подобро. Токму ова може да ве спречи да создавате трајни врски со луѓето, без разлика дали се работи за партнер или пријател.

Решение: Научете дека секогаш треба да се откажете од нешто, за да добиете нешто друго. Сè што сакате да постигнете бара одредени промени од ваша страна, па така и врзувањето. Ценете што некој сака да биде со вас, наместо да го отфрлите затоа што мислите дека некаде има некој подобар.

3. Имате нереални очекувања

Дури и кога имаме многу, секогаш ќе го сакаме и тоа едно нешто што го немаме, затоа што мислиме дека животот така ќе ни биде совршен. Вистината е дека нема тоа да се случи и дека шансите да имате совршена врска со совршена личност се практично еднакви на нула.

Решение: Списоците се за шопинг или за да не заборавите нешто кога се пакувате. Едноставно, не можете и за луѓето околу себе да имате листа со критериуми и да ги „штиклирате“ исполнетите.

7-prichini-zoshto-se-plashite-od-vrzuvanje-i-shto-da-napravite-vo-vrska-so-toa-04.jpg

4. Времето ви е проблем

Секогаш мислите дека имате уште време за да се врзете, без разлика на колкава возраст сте. Исто така, мислите дека врска само би ја искомплицирала ситуацијата и би барала од вас време и посветеност кои не можете да ги дадете.

Решение: Немојте да ги отфрлате шансите само затоа што мислите дека уште ви е рано или дека нема да имате време за нив. Веројатно за некоја недела ќе зажалите, но можеби нема да имате втора шанса. Времето не чека, па не чекајте ниту вие.

5. Се чувствувате „заробено“

Сигурно многу пати сте чуле од вашите пријатели кои се во врска или во брак дека понекогаш се чувствуваат заробени во своите животи. Имајте на ум дека луѓето имаат тенденција да преувеличуваат и драматизираат и не дозволувајте овие изјави да ве плашат.

Решение: Само затоа што некој се чувствува така, не значи дека и вие ќе бидете заробени во врската или пријателството. Всушност, никогаш со ништо не сме заробени толку колку што ни се чини дека сме.

7-prichini-zoshto-se-plashite-od-vrzuvanje-i-shto-da-napravite-vo-vrska-so-toa-03.jpg

6. Дозволувате минатото да надвладее врз вашите одлуки

На секој му се случило да одбие некого или да се одгради од новонастаната ситуација само затоа што некогаш во минатото бил повреден и препознал позната патека на настаните. Вистината е дека минатото нè прави претпазливи, но не смееме да дозволиме да нè ограничува во животот.

Решение: Ако треба повторете си и по 100 пати дека едно искуство од минатото не ги дефинира идните. Проблемот е во вашата потсвест и треба да го надминете, за да имате поуспешна врска, без да ви влијаат демоните од минатото.

7. Ја користите зафатеноста како изговор

Работите, градите кариера, имате многу пријатели и обврски и немате време за врска? Кога само би дозволиле некој да ви пристапи, би сфатиле дека секогаш ќе имате време и за таа личност.

Решение: Правете сè што прават оние околу вас. Тие имаат време да работат и по две работи и пак да се грижат за семејството, зарем не? Затоа, „презафатен/а сум“ е едно големо клише и треба да заборавите на него кога се правдате зошто се плашите од врзување.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg