5 најголеми митови за браковите без секс
Се случува и навистина е нормално некоја долга врска или брак во даден момент да има „сушен“ период.
Вкоренетото верување е дека ако тоа се случи, тогаш веќе по дефиниција може да се констатира дека нема љубов, страст и привлечност.
Сепак, сето ова е мит, а во голем број случаи и лага.
Вистината е дека постојат врски и бракови кои се среќни и без сексот, бидејќи тој не им е основа за добриот однос на партнерите.
Може ли да опстане брак без секс? Одговорот е повеќе од јасен - може.
Ваквиот брак е осуден на пропаст
Всушност вистинскиот мит е дека постојат долги бракови во кои редовно има страст, привлечност и секс. Некои парови успеваат подолг период да го задржат овој интензитет, но секојдневните обврски и грижата за семејството внесуваат многу поинаква динамика во животот.
Сè додека постои разбирање, почит и љубов, бракот не е пропаднат поради тоа што одреден период немало страст. Всушност, еден брак може да опстане без секс, но не и без почитта и љубовта.
Ако нема секс, нема ниту привлечност
Уште еден мит кој се граничи со лага. Недостатокот на желба за секс може да се должи на многу фактори како што се стрес, нарушено здравје, професионални обврски или некоја друга криза. Во овие случаи партнерите уште имаат привлечност, но ситуацијата не го стимулира либидото.
Кога еднаш ќе се престане со секс, нема назад
Не залудно се кажало дека секогаш може повторно да се разгори страста. Понекогаш се случува сексот едноставно да биде одложен поради многу други обврски како што е обезбедувањето на егзистенција или чувањето на детето.
Но, многу парови всушност го доживуваат златниот период на својот брак откако ќе им се осамостојат децата и кога имаат повеќе време за себе.
Не постои решение за овој проблем
Намаленото либидо и изгубената желба за секс не се ретки појави. Најважно е разговорот со партнерот да биде отворен и да му објасните што ви се случува. Одговорете го најискрено прашањето зошто имате сè помалку секс. На тој начин полесно ќе дојдете и до решение на проблемот.
Дали е тоа одреден лек за хронична болест, траума, стрес или нешто сосема друго? Додека не го најдете виновникот, нема да го најдете ниту решението.
Ако нема секс, исчезнуваат и љубовта и поврзаноста
Апсолутно неточно. Секогаш може да се одржува брак со љубов и почит, а со намалена или никаква интимност. Можеби веќе не сте спонтани и страствени како на почетокот на врската, но тоа во никој случај не значи дека веќе нема љубов.
За волја на вистината, блискоста се заснова и на многу други нешта а не само на интимниот чин.
Е. Д. | Црнобело