Две големи грешки во љубовта поради кои не сте среќни

Колку и да сте присебна и силна личност, може да се случи во даден момент да попуштите и да направите некоја грешка.

dve-golemi-greshki-vo-ljubovta-poradi-koi-ne-ste-srekjni-02.jpg

Кога е љубовта во прашање, луѓето прават најнепромислени постапки кои некогаш водат кон нешто уште подобро, но во други ситуации, за жал, се покажуваат како апсолутна грешка.

Постојат две најголеми грешки кои една личност може да ги направи во врската.

Преминувате преку лошите постапки на партнерот кои ве повредиле и ве направиле несреќни

Некои постапки едноставно не смеат да бидат простени. Понекогаш се случува паровите да надминат некоја ваква ситуација, која вклучува тешка навреда, неверство или непромислена постапка, но само ако другиот партнер искрено жали поради тоа што го направил.

Но, во поголем дел од случаите повредениот, колку и да простил, при секоја караница ќе потсетува на грешката, а другиот пак, поради инает, може да ја повтори. Тоа уште повеќе ќе ја разниша врската.

Најлошо нешто што може да се направи во ваква ситуација е лутината да се премолчи. Сепак, многумина се решаваат на тоа бидејќи се многу вљубени во партнерот или само сакаат да бидат во врска, без оглед на она што се случува наоколу.

dve-golemi-greshki-vo-ljubovta-poradi-koi-ne-ste-srekjni-03.jpg

Ги занемарувате своите потреби на сметка на оние на партнерот

Основите на еден здрав и квалитетен однос се љубовта, пријателството, разбирањето и во многу голем дел, компромисите.

Во некои врски, едниот од партнерите е подготвен да попушта почесто или да прави посериозни компромиси во име на љубовта, но често се случува другиот тоа да го злоупотребува.

Иако свесни што се случува, оние кои попуштаат продолжуваат да го прават тоа од страв дека врската ќе прекине и дека ако партнерот не е задоволен, следува пеколен период. Во такви ситуации престануваат да мислат на тебе и компромисот се сведува само на исполнување на желбата на другиот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg