4 едноставни начини како да ја подобрите вашата врска во партнерот
Постојат ситници кои навистина не ви изгледаат како многу важни, а кои можат да го подобрат квалитетот на секоја врска.
Доколку сакате вашиот однос да се развива во насоката која ја замислувате, треба да започнете со повеќе заеднички активности, но и повеќе да се интересирате за денот на партнерот.
За почеток, следете ги овие четири совети, подобрете го вашиот однос и повеќе поврзете се со партнерот:
1. Раскажете му ја приказната која ве направила подобра личност
Иако во почетокот на врската се обидуваме да се покажеме во најдобро можно светло, вистината е дека сите имаме минато кое не е секогаш онакво какво што сме посакувале.
Но, во одреден момент треба да се симнат маските и да си покажете какви навистина сте.
Кога ќе почувствувате дека дошло време за тоа, раскажете му на вашиот партнер некоја случка од вашето минато. Посочете како тоа ве направило да бидете она што сте денес.
2. Прашајте како им поминал денот
Не поставувајте површни прашања, бидејќи ќе добиете површни одговори.
Искрено заинтересирајте се за денот на вашиот партнер, ислушајте го што има да каже, па споделете го и вие вашето денешно искуство.
3. Прославете ги малите победи
Никој не одрекува дека животот е тежок и комплициран, но направете го поубав така што ќе ги славите малите и големите победи.
Дали се работи за ваше покачување на плата или за некој успех на партнерот, па дури и за прослава на јубилеи од запознавање и прв бакнеж, направете си приватен спектакл од тоа.
Животот е прекраток за да не уживате во тие моменти.
4. Направете оброк заедно
Наместо да гледате телевизиски канали за готвење, договорете се еден ден заеднички да експериментирате во кујната.
Можеби ќе имате многу садови за миење, но целиот тој процес на подготвување на храната може да биде навистина забавен.
Е. Д. | Црнобело