7 „црвени знаменца“ што не смеете да ги игнорирате на првиот состанок
Таканаречениот сигнал на опасност може да се појави уште на првиот состанок, како предупредување за личноста со која започнувате некаков однос.
Затоа, следете го однесувањето и постапките за да можете да се заштитите од токсични врски со личност која не ви одговата.
1. Многу доцни
Ова не е неопходно „црвено знаме“, бидејќи некогаш зависи и од јавниот превоз или метежот во сообраќајот.
Пет до десет минути може да се толерираат, а сè што е над тоа, треба да биде оправдано со повик или порака. Доколку личноста не го направи тоа или доцни повеќе од половина час без особена причина, тоа значи дека нема почит кон вашето време.
2. Бараат премногу од вас уште на првиот состанок
Ако опуштениот разговор премине во некоја секси тема, обидете се да воспоставите контрола врз тоа. Ако продолжува со забелешки, сексуални коментари, па дури и со допири, држете се понастрана.
Оваа личност не умее да ги почитува вашите граници сега, а нема да научи да го прави тоа ниту во иднина. Дајте ѝ до знаење дека не ви се дискутира за секс. Ако продолжува на навалува, сосема е во ред да го прекинете состанокот.
3. Инсистираат на дружење по состанокот
Доколку инсистира да заминете во неговиот/нејзиниот дом или пак, се обидува да се покани кај вас, многу е веројатно дека мисли дека тоа го должите.
Навистина нема потреба да знае каде живеете уште од првиот состанок, ниту пак да види како изгледа вашата соба.
4. Откриваат премногу лични информации
Ви поставуваат незгодни прашања за минатото, за пријателите и за семејството, но и ве опсипуваат со информации за својот приватен живот.
Запомнете, првиот состанок не треба да биде психијатриска сесија за личноста со која излеговте. Особено не треба да толерирате ако зборуваат само за себе и не оставаат простор за вас.
5. Се чувствувате како на интервју
Ако цело време имате впечаток дека ви поставува прашања како по сценарио, тогаш многу е веројатно дека навистина е така.
Не сте должни да ги одговарате овие прашања, а уште помалку да се чувствувате дека сте на интервју за работа.
6. Си играат „топло-ладно“
Многу предвидливо однесување, типично за несигурни личности кои не знаат што сакаат и што очекуваат. Бидете внимателни доколку забележите дека се менува расположението без некоја посебна причина.
Ова не значи дека се работи за лоша личност, но доколку барате стабилност, треба да се повлечете од оваа личност.
7. Конфликтно се расположени
Доколку уште на првиот состанок провоцира на теми како политика, религија, сексуална ориентација и слични табуа, внимавајте како сето тоа се одвива.
Дали сака да ги наметне своите ставови? Дали ги понижува вашите? Ова може многу да каже за личноста.
Е. Д. | Црнобело