Типови на жени со кои секој маж „се сплеткал“ барем еднаш во животот

За мажот да стигне до вистинската девојка покрај ќе се смири, мора прво да ги „искуси“ останатите типови на жени за да види што му одговара.

tipovi-na-zheni-so-koi-sekoj-mazh-se-spletkal-barem-ednash-vo-zhivotot-001.jpg

Според психолозите, постојат различни типови на жени, а може да се класифицираат во неколку групи според однесувањето.

Па така, постои посебен тип за оние што се татини мази, такви кои не можат да се збогуваат од ноќниот живот и лудите забави, а да не заборавиме и на оние љубоморните.

Повеќето мажи имале искуство со поголем дел од овие девојки додека да ја најдат вистинската.

Без никаква навреда, погледнете во какви категории се распределени типовите на жени:

Тип бр. 1: Татина маза

Оваа девојка не е подготвена во животот целосно да го пушти вториот маж и независно од возраста и случувањата, таа секогаш прво му се обраќа на таткото пред момчето, бидејќи што и да прави тој, не може да биде подобар од таткото.

tipovi-na-zheni-so-koi-sekoj-mazh-se-spletkal-barem-ednash-vo-zhivotot-02.jpg

Тип бр. 2: Љубителка на забави

Овој тип на девојка знае точно кога и каква забава има во секој клуб, а речиси секој викенд има договорено излегување со пријателките.

Па така, ако мажот реши да излезе со неа или да поминат заедно вечер дома, ќе биде „откачен“.

tipovi-na-zheni-so-koi-sekoj-mazh-se-spletkal-barem-ednash-vo-zhivotot03.jpg

Тип бр. 3: Посветен ученик

Независно дали ова била девојката од средно, факултет или девојка која подоцна решила да студира, сигурно некогаш сте си имале работа со посветен ученик, кој ќе ги откаже сите планови со вас за да може да учи.

Овие девојки ретко наоѓаат време за нешто друго бидејќи учењето им е на прво место секогаш.

tipovi-na-zheni-so-koi-sekoj-mazh-se-spletkal-barem-ednash-vo-zhivotot-04.jpg

Тип бр. 4: Љубоморната девојка

Љубомората е нормална во секоја врска, но во умерени граници. Сепак, постојат и девојки кои реагираат на секој мал разговор на момчето со друга девојка, независно која е и дали тој има некакви намери.

Со оваа девојка нема долга иднина, бидејќи тоа многу тешко се менува, а ниту еден маж не сака да го гушат со глупости.

tipovi-na-zheni-so-koi-sekoj-mazh-se-spletkal-barem-ednash-vo-zhivotot-05.jpg

Тип бр. 5: Зборлестата

Таа обожава да зборува за сите што ги познава, а тоа не секогаш знае да биде пријатно. Па така, кога на мажот му е потребен одмор од работните обврски или сака да се релаксира, зборлестата девојка е секогаш тука да раскаже нешто за некого и да ве оптерети.

tipovi-na-zheni-so-koi-sekoj-mazh-se-spletkal-barem-ednash-vo-zhivotot-06.jpg

Тип бр. 6: Девојката – миленичка на вашата мајка

Добро е мајката на дечкото да ја сака снаата, но тоа не треба да значи дека кога сте заедно таа треба да ве запостави вас, за да си муабети со свекрвата за сè и сешто и да немате никаква приватност.

tipovi-na-zheni-so-koi-sekoj-mazh-se-spletkal-barem-ednash-vo-zhivotot-07.jpg

Тип бр. 7: Опседната

Во ред е да се грижите за партнерот, но не треба да се претерува. Кога девојката претерано се грижи за секоја ситница, ви ѕвони по стопати и ви пишува порака за секој ваш чекор, тоа преминува во опседнатост и анксиозност.

tipovi-na-zheni-so-koi-sekoj-mazh-se-spletkal-barem-ednash-vo-zhivotot-08.jpg

Тип бр. 8: Драма кралица

Со оваа девојка не може да е здодевно, бидејќи таа постојано прави комплицирани ситуации од она што е прилично едноставно. Таа може да започне кавга за ништо, а ретко кој може да го поднесе нејзиното драматизирање.

tipovi-na-zheni-so-koi-sekoj-mazh-se-spletkal-barem-ednash-vo-zhivotot-10.jpg

Тип бр. 9: „Модна блогерка“

Спектакуларна, стилска и секогаш во први редови на модни настани е девојката која е опседната со облека и може да помине 2 часа за да одбере што да носи. А, да не зборуваме за плакарот, каде момчето треба да си најде едно ќоше за неговите работи.

tipovi-na-zheni-so-koi-sekoj-mazh-se-spletkal-barem-ednash-vo-zhivotot-11.jpg

Тип бр. 10: Кралица на убавината

Оваа девојка изгледа прекрасно и ниту еден маж ен може да ѝ одолее, но тоа не значи дека е и совршена и дека ќе најдете заеднички теми за разговор, бидејќи таа е опседната само со себе и со фалење за нејзината убавина.

tipovi-na-zheni-so-koi-sekoj-mazh-se-spletkal-barem-ednash-vo-zhivotot-12.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg