Ситница која открива многу - Каков е односот на вашиот партнер со бившата девојка?
Ако партнерот со кој штотуку почнавте да се гледате за вас е енигма, секогаш можете да се послужите со трикови за да дознаете нешто што ве интересира.
Затоа, директно или одоколу, поставете ненападно прашање за неговата претходна врска.
Одговорот на тоа што мисли за поранешната љубов открива многу нешта за него:
Нема што да каже
Ако навистина нема што да каже, тоа значи дека преболел/а и дека има простор за вашата љубов. Но, доколку категорично одбива да каже што било, тоа значи дека помислата и потиснатите чувства сè уште болат, макар и по малку.
Лут/а ѝ/му е
Ако споменувањето на поранешниот партнер е проследено со лутина и дрски коментари значи дека уште постои болка, а можеби и по некоја емоција.
Има високо мислење
Без разлика што и да се случило, ако вашиот партнер на поранешната љубов гледа како на нешто возвишено и совршено, за жал, нема доволно простор за развој на вашата врска.
Најдобри другари
Постојат многу парови кои по врската останале пријатели. Но, доколку се најдобри другари, тоа значи дека не се спремни да се разделат. Во ваква ситуација, постои можност барем еден од нив да посака да се повторно заедно и да се вратат еден на друг.
Е. Д. | Црнобело