Постојат 3 основни типови на вљубување - Колку трае секој?
Врз основа на она какви сте кога се вљубувате, можете да претпоставите и каде води врската која штотуку ја започнавте.
Начинот на вљубување има и свои предности, но и недостатоци, но ако знаете како настанале чувствата, полесно ќе можете да предвидите дали има иднина во тоа или не.
Ова се трите основни стилови на вљубување, како и нивното потенцијално влијание врз односот со новиот партнер:
Љубов на прв поглед
Штом го видовте својот партнер, ви се разниша земјата под нозете, срцето ви работеше побрзо, а рацете ви се испотија? Тоа значи дека сте доживеале љубов (или подобро речено хемија) на прв поглед.
Ова не е ретка појава, но успешноста на врската не е загарантирана. Овие две личности имаат силна физичка привлечност што настанала во вистинскиот момент. Нивната потсвест препознала дека може да постои и страст и блискост.
Потенцијал за успешност: Генерално, многу успешни врски започнале токму со таа хемија на прв поглед. Во вакви ситуации, партнерите се поотворени еден кон друг, а со тоа и поподготвени да разговараат за проблемите и успешно да ги решаваат.
Задоцнета љубов
Ваквото вљубување може да се случи меѓу личности кои се познаваат со години. Кога првпат се сретнале, немало ниту хемија, ниту искри, ниту привлечност, но по неколку средби се појавила заљубеноста.
Може да настане и меѓу луѓе кои се познаваат долго време, но во одреден момент нешто „кликнало“ меѓу нив или пак кај оние кои ја потиснувале привлечноста која ја чувствувале. Многумина може да не забележат дека постои хемија сè до моментот кога ќе се подредат коцките, ѕвездите и околностите.
Потенцијал за успешност: Интересно кај ваквиот пар е што дури откако ќе започнат врска, ќе станат свесни дека го гледале партнерот, како што се вели, со други очи. Имаат големи шанси за успешна врска, бидејќи го надминале првичниот експлозивен момент доста смирено и си дале доволно време да дознаат дали ги делат истите ставови и интереси во животот.
Од мразење до љубов
Постојат голем број примери на врски кои започнале меѓу партнери кои првично се „мразеле“ или си биле антипатични еден на друг. Мислите дека не е возможно такво нешто? Не сте во право.
Со самото тоа што постои толку силна емоција меѓу нив, големи се шансите првичната омраза да премине во страст и привлечност. А тоа може да биде навистина секси, колку и да ве нервира партнерот.
Потенцијал за успешност: Иако нема големи шанси за успех на врската на долг план, повеќе од јасно е дека со оваа личност ќе доживеете незаборавни интимни моменти. Но, надвор од кревет, многу е веројатно дека ќе имате несогласувања и караници. Сепак, постојат и исклучоци и можеби токму вашата врска ќе биде успешна.
Е. Д. | Црнобело