Какви девојки сакаат мажите?
Освен физичкиот изглед, мажите кај понежниот пол сакаат и убава насмевка, поглед и интелигенција. Нив пред се’ ги привлекуваат физичките атрибути.
Кога жените се средени од глава до пети, нивното внимание го привлекуваат и некои други нешта.
1. Мажите сакаат искрена насмевка. Со неа девојката покажува дека е отворена личност.
2. На мажите им е секси да знаете да ги сослушате. Девојката која внимателно го слуша својот соговорник е многу попривлечна од останатите. Секси е кога знаеш дека целото нејзино внимание е свртено кон неа.
3. Смисла за хумор. Девојка која и во лош ден знае да ги насмее и да ги натера на добра забава. Со такви девојки мажите се многу поопуштени. Освен тоа, важно е да знаете да се пошегувате и на своја сметка.
4. Погледот е пресуден. Некои сакаат тајни и срамежливи погледи, некои предизвикувачки и директни. Тоа е дел од комуникацијата која има огромно значење.
5. Интелигентни девојки. Мажите сакаат да имаат паметна жена покрај себе. Така таа ќе може да се вклопи во секоја ситуација.
6. Достоинствено однесување. Прегласни и пренападни девојки се нешто што на долг рок ги одбива мажите.