10 грешки во љубовта кои зрелите жени не ги прават
Сето тоа се менува кога жените ќе достигнат зрелост, а зад себе имаат барем една неуспешна врска која им потрошила многу време и нерви.
По младешката заслепеност, кога сме повозрасни, почнуваме да живееме за себе и да се посветуваме на своите интереси. Поради тоа, зрелите жени веќе не ги прават овие нешта:
1. Не чекаат порака или повик од мажот - први праќаат порака, а доколку не добијат одговор, заклучуваат дека нема смисла веќе да се губи време на таа личност.
2. Не сакаат да одат на состаноци доколку времето и местото не им одговараат - ако другата личност не е спремна да направи компромис, тогаш таков маж не ѝ треба на жената.
3. Не простуваат ако не добијат подарок за роденден - секоја жена сака да добива внимание, па нема да прости доколку важен ден, како нејзиниот роденден, не е испочитуван од страна на партнерот.
4. Не оправдува неуспех - жената која веќе има кариера и лична заработка, не може да поднесе да издржува некој на нејзина возраст, кој не е заинтересиран самиот да заработува.
5. Нема да премолчи ако нешто не ѝ се допаѓа - токму минатото искуство ѝ дозволува да разграничи што ѝ се допаѓа, а што не и да не се впушта во авантури кои не ѝ одговараат.
6. Не се плаши од прашања и спремна е сите да ги одговори - кога бевме млади го мразевме стресот што потекнува од разговорите и ги избегнувавме, но кога сме повозрасни, сакаме сите нешта да бидат јасни.
7. Не мешаат секс со љубов - иако во младоста може да се случи оваа опасна забуна, во зрелите години веќе умеат да ги разграничат нештата и да не си дозволат да се вљубат во некој со кого имаат само опуштен секс.
8. Не се љубоморни на неговите пријатели - ниту пак на поранешните партнерки или децата, ако ги има. Токму на овој начин успеваат да создадат основа за успешна врска иако се повозрасни.
9. Не прават нешто што не го сакаат - ако мразат пеглање, значи не ги пеглаат ниту своите кошули (туку купуваат такви кои не се гужваат), а нема да го направат тоа ниту за партнерот.
10. Не се трудат да изгледаат подобро за мажите - свои се и ако некој сака да дознае нешто повеќе за нив, ќе треба да се потруди да ги запознае, без да се обидува да ги измени нивните дотогашни навики.
E. Д. | Црнобело