Колку секс е нормално?

kolku-seks-e-normalno-povekjeЕднаш во неделата, два пати, секој ден, неколку пати во месецот – колку секс е нормално? Вие имате секс само за викенд, а пријателите секој ден. Некогаш...

 

...и повеќе пати во текот на денот. Дали нешто не е во ред со вас или со нив?

kolku-seks-e-normalno

Всушност, не постои бројка која означува колку секс е нормално во една врска. Бројката се прилагодува според вас, сопствените потреби и ритамот на животот.

Некој сака утрински секс, некој преферира само навечер – не постои ненормално време за секс.

Кога е во прашање сексот и колку пати вие и вашиот сакан/а го имате, не постои точен или неточен одговор. Вие можеби сакате секој ден, а тој/таа не.

Во овој случај потребно е да работите на “сексуалниот компромис“, бидејќи во овој случај двата партнери се незадоволни и може да се одрази на вашата врска.

Тој/таа е незадоволна затоа што му/и недостига секс, а вие се чувствувате виновни затоа што не можете да му/и овозможите.

Секако, ситуацијата може да биде и обратна. Партнерот кој е одбиен, често пати си го поставува прашањето што му недостасува и дали се уште постои привлечност.

На овој проблем не смеете да пристапите велејќи: “Јас имам свои потреби, ти што сакаш повеќе е твој проблем!“.

Како и на останатите полиња  и за секс е потребен компромис. Ако вие не чувствувате потреба за секс, дозволете да ве заведе. Препуштете се во рацете на партнерот/партнерката.

Потребно е да пронајдете задоволителна бројка, а не нормална, затоа што таква не постои. “Нормално“ се дефинира според вашите потреби. Нормално е ако двајцата партнери се задоволни од сексуалниот живот.

Би можело да ве интересира:

Најчудните прашања за сексот што младите ги поставуваат на ChatGPT (18+) „Ако јадам многу чоколади или манчмелоу, дали мојата... знаете што, ќе има вкус ...
Што е „предвремена интимност“ и колку време треба да чекате за првиот секс, според експерт за врски Знаете ли што е „предвремена интимност“? Таа не се однесува само на сексот, туку...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg