„Не е нормално да имате секс со истата личност одново и одново цел живот“
Контроверзната австралиска блогерка ја подели јавноста со својот став. Што мислите вие?
Австралиската блогерка Nadia Bakodiais (34), која пишува на блогот SheSaid е позната по своите контроверзни изјави, па така и со таа за сексот во бракот предизвика лавина од реакции.
Иако била 10 години во брак, вели дека моногамијата едноставно не е во нашата ДНК. Вели дека сега е во моногамна неофицијална врска, верува во љубов, но не верува дека може да остане верна до крајот на животот.
https://www.instagram.com/p/Bks7BAfga2k/?taken-by=nadiabokody
„Не е природно да имате секс со истата личност одново и одново. Едноставно не сме создадени за да бидеме цел живот со една личност“, изјави таа.
Вели дека човекот е способен за да создаде значајни и комплексни врски, но тоа не значи дека може да биде верен до крајот на животот.
„Шансите да ви се сруши авионот се поголеми отколку да останете верни“, додава таа.
Што мислите за нејзиниот контроверзен став?
https://www.instagram.com/p/BkTKlooA364/?taken-by=nadiabokody
С. С.| Црнобело