9 ужасни работи кои лошите сопрузи им ги прават на своите жени
Имаат преголеми очекувања
Поставуваат нереални очекувања за изгледот на телата на сопругите, нивните родителски вештини, начинот на раководење со домашниот буџет и што уште не и им ја рушат самодовербата.
Не им помагаат во домот
Сметаат дека ако носат малку поголем приход тогаш се ослободени околу чистењето на домот, миењето чинии, триењето на тоалетот, пазарењето од маркет и чувањето на децата. Не сфаќаат дека со сопругите треба да бидат тим и да работат рамо до рамо.
Не го контролираат темпераментот
Врескаат, користат разни методи на злоупотреба, па дури знаат и да кренат рака на своите сопруги. Не реагираат смирено и со љубов и во нивна близина сопругите не се чувствуваат сигурно.
Ги лажат и изневеруваат
Не знаат што е искреност и за момент на задоволство го ризикуваат бракот. Не се лојални кон своите сопруги и им сервираат лаги, без грижа на совеста.
С. С. | Црнобело