9 ужасни работи кои лошите сопрузи им ги прават на своите жени
Ниту една жена до себе не заслужува да има маж кој ја малтретира психички и физички и ја третира како безвреден предмет.
Некои мажи едноставно не ги заслужуваат своите сопруги. Тие ги третираат ужасно и постојано прават работи кои порано или подоцна ќе доведат до крај на бракот.
Ниту една жена не го заслужува тоа.
Ужасни работи кои лошите сопрузи им ги прават на своите жени:
Постојано ги критикуваат
Наместо да кажат што е добро кај нивните сопруги и да им дадат некој комплимент, тие постојано се жалат што сè кај нив не чини и им вршат психичка тортура.
Ги контролираат
Не се свесни дека нивните убави жени знаат да донесат вистински одлуки, па имаат потреба да го контролираат секој нивни чекор. Не им дозволуваат да бидат свои личности и да не ги поддржуваат слободно да летаат.
Ги третираат како предмет
Не сфаќаат дека сопругата е и најдобар пријател за цел живот и кралица и дека ѝ е потребен таков третман. Не ја третираат со почит и неретко ја гледаат само како сексуален објект, а не некој со кој треба да воспостават емоционална врска.
Не им посветуваат време
Секогаш се презафатени за бакнеж и прегратка. Не споделуваат искуства со своите сопруги и не ги третираат како приоритет.
Користат навредливи зборови
Иако не се тинејџери повеќе, тие користат навредливи зборови кон сопругите. Забораваат на манирите и се однесуваат како да им е потребно некој да им купи речник.