Храна за подобра ерекција
Вијаграта и останатите лекови за потенција направија вистински пресврт во животот на многумина откако се појавија на пазарот. Сега “можеме“...
...и кога природата не е баш послушна. Но, секогаш е подобро проблемите да ги решаваме на природен начин.
Со помош на исхраната можете да влијаете на подобра ерекција.
1. Кафе. Кофеинската доза од вашето омилено кафе ве буди наутро, ја забрзува работата на срцето и на тој начин ви дава потребна енергија да се одржите будни кога треба.
2. Чили. Зачинете го својот сексуален живот со жежок зачин. Додека вие црвенеете и имате чувство дека пареа ќе ви излезе од ушите, чилито ги шири крвните жили и доаѓа до поголемо пумпање на крвта. А, биолошки гледано, тоа и ви е потребно за подобра и подолга ерекција.
3. Банани. Цврстите мажи имаат цврсто срце, заради тоа јадете банани кои се одлични за срцето и циркулацијата. Бананите помагаат во одржување нормален крвен притисок и го намалуваат ризикот од заболување од срцеви проблеми.
4. Лосос. Лососот е богат со омега-3 масни киселини, а тие влијаат крвта да оди на вистинското место.
5. Свинско месо. Пенисот нема глава со која размислува. За да постигнете ерекција потребно е сите нерви да работат прецизно и точно. Потребен ви е витамин Б1 за здрав нервен систем. Свинското месо треба да се најде на вашето мени.
6. Лук. Лукот е одличен за вашата циркулација.
7. Вино. Црвеното вино ги отвора артериите и делува на сличен начин како вијаграта. Внимавајте да не претерате бидејќи во спротивно нема ништо да се дигне.