Како да не им станете одбивни на родителите на партнерот на првата средба?

Од ризични шеги до дискусии на „црвени“ теми, што не треба да правите при запознавањето со родителите на партнерот?

kako-da-ne-im-stanete-odbivni-na-roditelite-na-partnerot-na-prvata-sredba-01.png

Запознавањето со родителите на момчето/девојката никогаш не е лесна работа. Сигурно низ главата ви минуваат милион сценарија што може да направат средбата да тргне на лошо.

За време на средбата од нервозата може да направите грешки и да не успеете да ги импресионирате.

Што треба да правите за запознавањето да помине во најдобар ред:

Бидете добар гостин

Не трудете се премногу за да не го намирисаат вашиот очај, но бидете добар гостин. Цвеќе и вино за подарок не е лоша идеја. Се разбира, и стајлинг соодветно избран за пригодата.

Телефонот може да го ставите на вибрации и нема потреба да се нудите да им помогнете во кујната. Кој добар домаќин би му дозволил на гостинот да стане од маса?

Не смеете да се фалите

Најголемата грешка е кога сакате претерано да се покажете во добро светло, па претерувате со фалби за да ги импресионирате. Да, важен работник сте во вашата компанија, но нема потреба да кажувате колку голема ви е платата.

Без визит картички, затоа што ако сте паметна и успешна личност, тие ќе забележат самите.

kako-da-ne-im-stanete-odbivni-na-roditelite-na-partnerot-na-prvata-sredba-02.jpg

Дискретен молк на одредени теми

Постојат некои теми на кои разговорот тече без препреки, но некои теми спаѓаат во црвената зона. Ако родителите на вашиот партнер почнуваат да го осудуваат зошто ја напуштил работата, вие не смеете да се мешате. Наместо да го давате своето мислење за нивните семејни дискусии, само молчете и јадете си мирно.

Уште подобро сменете ја темата, така што ќе им дадете некој комплимент за јадењето или за која било тема.

Не се обидувајте да бидете смешни по секоја цена

Тие сигурно посакуваат да имате карактеристики како стабилност, добрина, интелигенција, но дефинитивно не им е на прво место да бидете комичар/ка.

Особено не се препорачливи ризични шеги за вашиот шеф или некој поранешен партнер. Златно правило е да не се обидувате да ги насмеете по секоја цена. Анегдотите оставете ги за кога ќе се запознаете подобро.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg