Луѓе откриваат: Како е да стапиш во брак по помалку од 6 месеци врска?

Некогаш импулсивните одлуки имаат среќни краеви. Луѓе откриваат дека го слушале срцето и не погрешиле.

lugje-otkrivaat-kako-e-da-stapish-vo-brak-po-pomalku-od-6-meseci-vrska-01.jpg

Дали сте од оние кои веруваат во врски долги со години или сметате дека е сосема во ред да стапите во брак со некој по само неколку месеци состанување?

На Reddit луѓе што вртоглаво брзо се одлучиле за брак откриваат како е да стапиш во брак по помалку од 6 месеци врска:

Се сретнавме во јули и се свршивме во ноември. Не знам како да објаснам. Имавме многу заеднички работи и можевме да разговараме без прекин. Бевме неразделни, ми недостигаше дури и кога ќе се разделевме само на ден, два. Бевме во раните 20-ти и семејствата не нè поддржуваа, но сега ја славиме 12-та годишнина од брак.

lugje-otkrivaat-kako-e-da-stapish-vo-brak-po-pomalku-od-6-meseci-vrska-04.jpg

Ја прашав да се омажи за мене по само 3 месеци врска, бевме во брак 10 години, сега сме разведени. Не се каам, имаме прекрасна ќерка.

Се запознавме во септември, а веќе во декември се свршивме. Мразевме да бидеме разделени, па се преселив кај него. На моето семејство тој му се допадна и имавме поддршка од двете страни. Сега сум бремена со нашето прво дете.

lugje-otkrivaat-kako-e-da-stapish-vo-brak-po-pomalku-od-6-meseci-vrska-03.jpg

Нè запозна заеднички пријател и по само 90 минути заедно знаевме дека тоа е тоа. По 3 месеци се свршивме, си купивме стан, а направивме свадба следната година. Денес имаме две деца и веќе 20 години сме во среќен брак.

Се земавме 5 месеци по нашиот прв состанок. Се запознавме онлајн, комунициравме, па излеговме на ручек. За малку ќе ѝ откажев. Се сомневав околу мојот изглед. Бев тазе разведен. Но, тогаш се случи љубов на прв поглед. Сакав таа да биде мајка на моите деца еден ден. Нашиот ручек се претвори во 3 дена минати заедно. Пријателите мислеа сум ја киднапирал. Беше лудо. Денес, 6 години подоцна, нашиот син спие до нас, додека го пишувам ова.

lugje-otkrivaat-kako-e-da-stapish-vo-brak-po-pomalku-od-6-meseci-vrska-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg