Интимни исповеди: Кога ми стана јасно дека нашиот брак е готов?
Постојат ситуации кои се сигнал дека сопружниците веќе немаат иднина заедно. Едни ги согледуваат порано, други подоцна, ама исходот е ист – разделба.
Одлуката за развод е секогаш болна. Неретко на луѓето им треба долго време да ја донесат. Во други ситуации, пак, доволна е само секунда за заклучок дека веќе немате желба да бидете со својот партнер.
Која е капката е што ја прелева чашата, кога е љубовта во прашање? Повеќе сопружници си ја отворија душата на оваа тема, раскажувајќи го моментот кога им станало јасно дека нивниот брак е готов.
Сосема искрено проговореа за причините кои ги навеле на развод, а интимните исповеди ви ги споделуваме во продолжение:
„Маж ми не сакаше да работи.“
„Сопругот правеше сцени околу барањето работа. Триумфално пишуваше молби, а од никаде не го викаа на разговор. Капката што ја прелеа чашата беше кога сите до една ги пронајдов сокриени во неговиот автомобил. Никогаш не ги ни предал.“
„Дознав дека има љубовница.“
„Наместо веднаш да го оставам, јас му реков на идиотот дека ќе се обидеме да го поправиме бракот. Сѐ што побарав од него беше да ја остави љубовницата. Тој ми одговори: „А, што ако не успееме?“. Тогаш пукнав.“
„Сопругата почна да ми попува.“
„Воопшто не беше религиозна кога се запознавме. Десет години подоцна, дури и за обични глупости ми велеше дека ќе горам во пеколот.“
„Љубоморна беше без причина.“
„Таа ме изневери, но ѝ простив, надевајќи се дека нашиот брак заслужува втора шанса. Шест месеци подоцна, ми се закани дека ќе ме остави, бидејќи пристојно се однесував кон келнерката во ресторан. Следниот ден отидов кај адвокат и ги предадов документите за развод. Се вратив во ресторанот и побарав телефонски број од келнерката. Денеска сме среќно вљубени и во брак. Фала ѝ на бившата сопруга што ме турна во рацете на оваа прекрасна жена.“
„Жена ми бараше влакно во јајцето.“
„Одлучив петочки да ги завршам сите домаќински работи, за двајцата да имаме опуштен викенд. Го исчистив целиот стан со правосмукалка. Ја избришав прашината и светнав тоалетната школка, исправ и прострав две тури алишта, па ја променив постелнината. Потоа отидов во набавка на намирници и ја дочекав жена ми со приготвена вечера. Нејзината реакција беше: „А, зошто садовите не си ги измил?““
„Ме искористи за да земе слободен ден.“
„Бев во болница поради проблем со слепото црево. Кога ме пуштија дома, сопругот му се јави на шефот за да го извести дека ќе земе слободен ден. Наводно ќе се грижел за мене. Наместо тоа, веднаш си легна и цел ден играше видео игри. Не се мрдна ни храна да купи, сметајќи дека пазарењето е моја должност. Го прашав дали може да зготви вечера за двајцата, по што почна жолчно да се расправа со мене. Кога му реков дека такви стресови не ми се потребни во животот, само ми дофрли: „Епа, ајде ако не да се разведеме?!“. Мојот одговор беше: „Може!““
„Очигледно не му бев доволна.“
„Шест недели по свадбата, сопругот ме праша дали смее да оди на вечера со колешка од работа. Веднаш покренавме постапка за развод.“
„Само мојата килажа ѝ пречеше.“
„За десетте години колку што бевме во брак, мислам дека сопругата се изобличи од дебелина. Мене никогаш не ми беше проблем, ниту пак ја коментирав нејзината телесна тежина. Еден ден решив да го пробам стариот дрес од омилениот клуб. Приметив дека ми е тесен, бидејќи бев накачил неколку килограми. Кога ѝ кажав дека ќе мора да си купам поголем, таа без срам ми плесна во лице: „Како да не! Нема да трошиме пари за твојот глупав дрес. Мора да ослабиш!““
„Пријателката ѝ ја наполни главата.“
„Бевме шест години заедно. Цело време нејзината пријателка ѝ говореше дека не сум доволно добар за неа, дека не заработувам доволно и дека животот ќе ни биде грозен поради тоа. Никогаш не сум бил богат. Парите не ми се најважни, бидејќи среќата ја пронаоѓам во други нешта. Еднаш ми кажа дека ќе ме остави, доколку не најдам повисоко платена работа. Уште истиот ден си заминав. Оттогаш поминаа десетина година. Отидов на службен пат со новата сопруга, па седнавме во бар да се освежиме пред летот. Погодете кој нѐ послужи? Мојата бивша жена и нејзината најдобра другарка. Им оставив напојница со зборовите: „Изгледате како навистина да ви треба бакшиш.“ Тоа беше најдоброто пиво кое некогаш сум го испил. Не вљубувајте се никогаш во нечиј стил на живот, неговиот имот и сметката во банка. Вљубете се во личноста што ќе ви биде најдобар пријател и никогаш нема да ве изневери.“
М. А. | Црнобело