7 типови на токсични партнери кои само ве влечат надолу во животот
Се случува љубов на прв поглед, неколку прекрасни состаноци и сметате дека тоа е тоа – го најдовте совршениот партнер.
Но, по неколку месеци работите почнуваат да се менуваат, а вие како да сте неспособни да се оттргнете од нездравото партнерство.
Обидете се да ги препознаете токсичните лица пред да биде доцна.
Не дозволувајте овие 7 типови да ве влечат само надолу во животот:
1. Зависници
Луѓето може да станат зависни од било што – храна, пијалак, работа, шопинг, спорт, па дури и љубов.
2. Љубоморни
Ќе ве прашуваат за каде сте ставите кармин, зошто здолништето не ви ги покрива колениците и зошто денес мирисате толку убаво. Ќе ви го попречуваат секој светол момент.
3. Негативци
Тие се секогаш жртви, сите работат против нив и едноставно немаат среќа во ништо. Порано или подоцна ваквиот став ќе се пренесе и на вас.
4. Недораснати
Луѓето кои сакаат да останат заглавени во детството, свесно или несвесно, се емоционално нестабилни луѓе со кои не можете да градите апсолутно ништо.
5. Емотивно недостапни
Тие ќе ве убедат дека романтиката е преценета, а директната непристојна понуда е сосема нормална работа.
6. Нарциси
Егоцентричноста ќе ви го уништи секој можен комплимент и секоја можна добра намера.
7. Апсолутни перфекционисти
Многумина мислат дека перфекционизмот е квалитет. Но, кога потребата за нешто совршено ги оттргнува од реалноста, тогаш е проблем.
М. Д. | Црнобело