Што НЕ прават интелигентните луѓе во љубовната врска?

Мислењето дека вистинската љубов никогаш не се соочува со препреки и проблеми е далеку од вистината. И најдобрите врски многу често се соочуваат со проблеми, но начинот на кој ги решаваат е клучен за успехот на врската.

10_lekcii_koi_moze_da_gi_naucime_od_stabilnite_vrski_01.jpg

Важно е само да одиграте паметно. Што може да научите од интелигентните луѓе кои имаат успешни љубовни врски? Што никогаш не прават?

1. Не ја анализираат секоја ситница

Фокусирајќи се на секоја мала и бескорисна ситница е штетно без разлика дали се работи за романтична врска, пријателство или работа. Доколку се фокусирате на ситниците и барате проблем таму каде го нема навистина може да ги пропуштите убавите моменти и да уживате во вашата врска.

2. Не очекуваат дека партнерот ќе ги надополни

Да бидете во љубовна врска е секогаш возбудливо и може позитивно да влијае врз секој аспект од вашиот живот. Но, доколку очекувате вашиот партнер да ги надополни сите празнини тогаш можеби прво треба да поработите на себе и да бидете среќни со самите себеси пред да се фокусирате на вашата врска.

3. Не ги ископуваат грешките од минатото

Сите сме луѓе и сме склони кон грешки. Најважно е да не дозволиме тие грешки од минатото да влијаат на нашата иднина. Тие треба да останат само вредни лекции кои нема да ги повторуваме. Доколку сте простиле некоја грешка на вашиот партнер, поголема грешка е да ја искористите таа ситуација за време на некоја кавга.

10_lekcii_koi_moze_da_gi_naucime_od_stabilnite_vrski_03.jpg

4. Не бараат пример во другите врски

Секоја врска е единствена и не е возможно да се спореди со друга. Споредувањето секогаш доведува до проблеми и кавги. Научете како да ги решавате проблемите со вашиот партнер и не барајте пример во туѓите врски.

5. Не го потценуваат својот партнер

Насловот говори сам за себе. Ако не го почитувате вашиот партнер и не сметате дека е доволно вреден да биде со вас тогаш зошто воопшто сте во врска?

6. Не избегнуваат комуникација

Најдобрите врски се градат врз искрена и постојана комуникација. Само на тој начин ќе можете смирено да ги решите и надминете сите проблеми и да изградите цврст темел за вашата врска.

10_lekcii_koi_moze_da_gi_naucime_od_stabilnite_vrski_04.jpg

7. Не им недостасува љубов кон самите себе

Точно е дека секоја врска опстојува на љубов, но за да вашата врска биде здрава и долга потребно е да чувате љубов и за самите себеси. Луѓето сакаат луѓе кои си се сакаат себеси.

8. Не мислат дека можат да го променат партнерот

Една од најчестите грешки е кога еден од партнерите мисли дека може да влијае на својот партнер и може да ги промени сите лоши навики и однесувања. Но, времето покажува дека многу е тешко да ги промениш луѓето, затоа можеби треба да размислите дали тие мани навистина ви сметаат и да пробате да комуницирате отворено со вашиот партнер.

9. Не ги форисираат работите

Форсирајќи го вашиот партнер да направи чекор за којшто можеби не е подготвен е една од кардиналните грешки во врската. Доколку научите како да се препуштите и да дозволите работите да си дојдат сами по себе ќе си направите огромна услуга. Убави работи му се случуваат на тие што имаат трпение.

10. Не остануваат во лоша врска

Понекогаш треба да знаете да ставите крај на лоша и нефункционална врска. Никогаш не е лесно, но ќе биде особено корисно за вас и вашето ментално здравје.

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg