Жешки прашања за сексот + одговорите кои секоја жена сака да ги знае
Љубовта меѓу двајцата емотивни партнери не е гаранција за одличен секс. Ова е причината зошто и на паровите кои се сакаат најмногу на светот, не им оди баш најдобро во постелата.
Експертката Трејси Кокс вели дека е тешко да се навлезе во нечија интима, како и да се делат совети, бидејќи секоја врска е посебна, а односите не се ни малку едноставни.„Сепак, може да се дадат неколку совети, односно одговори на прашањата кои ги интересираат мнозинството жени.“, изјави терапевтката за Daily Mail.
Ова се шесте жешки прашања за сексот, чии одговори секоја жена сака да ги знае:
Треба ли да го напуштам партнерот ако не може да ми пружи оргазам?
„Кај ова прашање неопходно е да бидеме јасни. Никој не може да ви даде оргазам. Mора да го земете. Тоа значи дека би требало да научите како да дојдете до кулминација, со помош на вибратор, или, пак, мастурбација. Подоцна, покажете му на партнерот како да го направи истото. Насочете го како да го користи јазикот и прстите, објаснувајќи му какви дразби ви се потребни.
Важно е да се напомене и дека на мнозинството жени, најтешко им е да постигнат оргазам во текот на пенетрацијата. Секако, постојат мажи кои се добро запознаени со женското тело, односно начинот на кој истото реагира на интимните стимули. Меѓутоа, ако вашиот не спаѓа во оваа група, тогаш подучете го што точно ве возбудува.
Комуницирајте и воздивнувајте, секојпат кога ќе ве погоди во „златната“ точка.“
Што е полошо – да имаш досаден секс или воопшто да немаш?
„Практикувајќи константно монотон секс, не си правите ама баш никаква услуга. Во такви ситуации, повеќето сексуални терапевти им советуваат на паровите да направат пауза. Сексуалната апстиненција може да биде од полза за емотивниот живот.
Воздржувањето од односи и почнувањето одново, неретко се единствениот излез од токсичната врска меѓу половиот и љубовниот однос на партнерите.
Понекогаш, не е лошо да се побара ни помош од добар сексуален терапевт, кој со своите совети ќе помогне да се надмине проблемот, враќајќи ја интимата на вистинскиот колосек. Направете пауза од секс на месец дена, а сосредоточете се на предиграта.
Кога нешто е забрането, автоматски ни станува попривлечно, па кога триесетте дена ќе поминат, обајцата ќе копнеете за пенетрација.“
Мора ли на партнерот да му пружам орален секс?
„Навистина е добра идеја двајцата да си пружате орален секс. Одбивајќи го партнерот, не само што му го ускратувате овој исклучително задоволувачки дел од сексот, туку истовремено ќе го повредите и неговото его.
Со изјавите од типот на: „одвратно ми е“, или, пак, „мене не ми е убаво“, другата страна лесно може да си помисли дека всушност неговите гениталии ви се гадат, односно не ви се допаѓа како тие изгледаат, ниту какви се по мирис и вкус.
36% проценти од жените и 31% од мажите се чувствуваат несигурно кога е половиот орган во прашање. Ова го откриваат резултатите од американско истражување на 1000 испитаници од САД и Европа, во однос на прашањето што им е најнепријатно на луѓето за време на сексот.
Само затоа што вам не ви е по волја, не значи дека партнерот мора да се засекогаш откаже од овој тип на задоволство. Себично е секој интимен чин да се сведува на вашето лично задоволство.“
Може ли аферата да го спаси бракот и сексуалниот живот на партнерите?
„Постои теорија дека сексот „настрана“ може да ги одржи и зајакне повеќегодишните бракови, помаѓајќи да се задржи страста помеѓу сопружниците. Доколку ги прашате паровите чиј брак се распаднал поради прељуба, тие воопшто не би се сложиле со ваквата теорија.
Самата афера не е главниот причинител за прекин на врските, туку лагите, со кои луѓето не можат да живеат. А, идејата да имате афера, како би го зачиниле сексуалниот живот со емотивниот партнер, звучи навистина блесаво.
Впрочем, не мора нужно да значи и дека сексот со љубовникот ќе биде подобар од оној дома. Причината поради која аферите се толку привлечни, лежи во фактот што станува збор за нешто ново и возбудливо. Доколку сакате да ја повратите страста во постелата со долгогодишниот партнер, планирајте и остварете што повеќе сексуални средби надвор од домот.
Тоа се стратегии кои може да создадат сценарио на прељубнички секс, ама со сопствениот партнер. При планирањето на интимните средби со љубовниците, размислувате кога и каде ќе се состанете, па како ќе се средите, каква долна облека да одберете, а што најмногу ќе го импресионира кога ќе ве соблече итн.
Па, зошто да не се потрудите и во вашата врска? Запаметете дека прељубничкиот секс не е спонтан секс, туку планиран секс. Аферата може да ви го спаси сексуалниот живот, само кога во неа е вклучен партнерот со кого живеете.“
Ако сте во нова врска, се смета ли сексот со бившиот за неверство?
„Се разбира дека да. Притоа, може да има катастрофални последици за сите вклучени во триаголникот. Можеби вам не ви се чини како изневерување, затоа што не е со нов и непознат партнер, ама за актуелниот ќе биде и тоа како предавство, имајќи ја предвид историјата на минатата врска, како и чувствата што се поврзани со неа.
Што се однесува до бившиот, пак, она што вие го гледате како еднокатно задоволство, тој може да го протолкува како желба да ја обновите врската со него. Едно е сигурно – сексот со поранешниот ќе биде далеку полошо сознание за сегашниот дечко, одошто да сте направиле прељуба со комплетен странец.
Поради аферата, постои опасност да го изгубите новиот партнер, како и да се простите од било какви односи со старата љубов, а тоа е штета, бидејќи сте можеле да останете пријатели. Не ни помислувајте на прељуба со бившите, доколку сакате вашата моментална врска да потрае и опстане.“
Како да предложам секс во тројка, а да не го изгубам партнерот?
„Тука мора да бидете многу внимателни. Дури и ако вашиот партнер понекогаш се шегува на таа тема, ова не значи и дека навистина би направил такво нешто. Соочувањето со конкретната фантазија во реалноста, може да предизвика појава на разни сомнежи и стравови.
Обидете се да го започнете разговорот, така што ќе навестите дека сте слушале или читале за сексот во тројка, како и дека доста луѓе го практикуваат. Подоцна, прашајте го за лично мислење. Неговата реакција сѐ ќе ви каже – дали има шанси, или, пак, не.“
М. А. | Црнобело