Храната и тоалетната се трошат побрзо: Што се менува кога живеете во пар?
Кога врската ќе дојде до одреден степен на сериозност, многу парови се одлучуваат на заеднички живот.
Тоа е период кога партнерите подобро се запознаваат еден со друг и гледаат како би изгледал нивниот живот во иднина.
Секојдневните навики, однесувањето, обврските и општо самите промени, може многу да ве шокираат.
Затоа е добро да знаете што велат за тоа паровите кои веќе живеат заедно и споделуваат со останатите.
Слатките работи кои партнерот ги прави, ќе почнат да ве иритираат.
Партнерот ќе се обидува да ве плаши зад секој агол... и секогаш ќе мисли дека е смешно.
Работите во домаќинството ќе се трошат многу побрзо, на пример – тоалетната хартија!
Навиките за спиење се менуваат, а ќе мора и да си одберете страна од креветот на која ќе спиете во наредните 30 години!
Домот ќе ви претрпи промени во декорациите, посебно кога девојката се вселува кај момчето.
Домот ќе ви биде „нападнат“ од чорапи на сите страни.
Бањата за машката страна ќе стане непрепознатлива...
Ќе ви недостасуваат омилените серии кои сте имале навика да си ги гледате сами кога не сте живееле заедно.
Ќе ги слушате истите приказни на партнерот по неколкупати.
Ќе има моменти кога ќе го сакате креветот само за себе.
Но, и кога ќе ви недостига партнерот кога нема да биде тука.
Ќе видите нови неочекувани гримаси и „испади“ на партнерот на кои претходно не сте биле сведок.
Кој што прави – вие ќе купувате храна, бидејќи цело време ќе снемува.
М. М. | Црнобело