8 проблеми во врските, кои ги создаде појавата на Фејсбук
Љубомора поради однесувањето на партнерот на социјалните мрежи
Со помош на социјалните мрежи следењето на чекорите на партнерот е многу полесно. Гледате кога бил последен пат онлајн, дали некој го тагнал на фотографија, со кој станал пријател итн.
На овој начин кај вас се провоцира љубомора, а ова се влошува дополнително ако партнерот го крие телефонот го користи пред вас. Ваквите емоции носат до разделба.
Споредување на партнерот со останатите
На социјалните мрежи луѓето постојано се поврзани со низа луѓе и се споредуваат со нив, дури и со некои нереални профили од другиот крај на светот. Ова предизвикува проблем со самодовербата, но и желба постојано да го споредувате партнерот со другите.
Според истражувачите, токму таа илузија на можности дека можете да најдете некој подобар и поубав на социјалните мрежи ве наведува да трагате по совршенство и ве прави несреќни.
Лажна слика за реалноста
Во многу случаи за да бидете среќни со саканата личност не ви треба потпис во матично или деца, но на социјалните мрежи добивате впечатокот дека е така. Можеби вие и партнерот сте совршено среќни, но кога гледате слики од насмеани детски лица и позирање со децата во игротеки се прашувате дали нешто ви недостига.
Потоа стапувате во брак без средени значајни животни прашања и се соочувате со неочекувани проблеми и тонете во мизерија.
Дисхармонија во интимниот живот
Луѓето кои постојано се поврзани на социјалните мрежи ризикуваат сериозно да ги загрозат односите со својата втора половина, особено ако тоа го прават навечер.
Не само што имаат негативни последици врз сонот и стануваат иритирани и депримирани, туку генерално одземаат од топлината на врската. Замислете си легнувате до саканата личност и наместо размена на убави зборови и прегратки, вие зјапате во електронскиот екран.
С. С. | Црнобело