8 проблеми во врските, кои ги создаде појавата на Фејсбук
Дали некој во минатото можел да замисли дека ќе се појави т.н. виртуелно неверство или пак дека сите детали од врската ќе бидат јавно сервирани?
Денес на поле љубов и состанување се соочуваме со проблеми кои нашите баби и дедовци, па и мајки и татковци, не можеле ниту да ги замислат.
Проблеми во врските, кои ги создаде појавата на Фејсбук:
Виртуелно неверство
Овој термин подразбира контакт, шегување, размена на информации и споделување на интимни искуства преку интернет со личност која никогаш не сте ја виделе во живо.
Ова е тип на емоционално неверство и личностите кои се „изневерени“ на овој начин реагираат на ист начин, како на неверство во реалноста, открија група американски научници.
Комуникацијата во живо стана потешка
Младите луѓе минуваат повеќе време на нивните паметни телефони отколку со пријателите, семејството и партнерот. По сите тие пишани пораки и испратени смајлиња, имаат тешкотија да комуницираат во реалноста.
Се вљубуваат во личности од интернет, па им е тешко да прифатат и да се поврзат со „реална“ личност.
Деталите за врската ги сервираат на интернет
Половина од животот на младите им се одвива на социјалните мрежи. На Инстаграм и Фејсбук за да се покажат, на Твитер за да кажат нешто.
Истражувањата покажуваат дека паровите кои ја „рекламираат“ својата врска на интернет имаат полоша врска од оние кои не го прават тоа. Позирањето пред камерата одзема од интимноста во врската.
Кога двајцата се навистина среќни еден со друг, тие немаат потреба да им кажуваат на другите за тоа.
На партнерот му посветуваат помалку време
Зависноста од телефоните е огромна и желбата да се биде активен на социјалните мрежи и да се читаат новости неретко е посилна од желбата да му се посвети време на партнерот.
Во виртуелниот свет како да има помалку проблеми и како да е позабавно.