Математичка формула: Колку време ќе ви биде потребно да ја преболите поранешната љубов?

Во една епизода од популарната ТВ серија „Сексот и градот“, Шарлот објаснува дека времето кое е потребно да го преболите поранешното момче е точно половина од времето кое сте го поминале заедно.

Matematicka-formula-kolku-veme-ke-vi-bide-potrebno-da-ja-prebolite-poranesnata-ljubov-01.jpg

Во превод – доколку сте биле заедно 6 месеци, потребни ќе ви бидат 3 месеци да го преболите момчето или девојката.

Но очигледно постои и понапредна формула за пресметка на овие чувства.

Еве како изгледа таа:

x/2 + j + l - t + k/2 + r = y.

x = Бројот на месеци додека сте биле заедно.

y = Времето кое ќе ви биде потребно да ја преболите поранешната љубов.

j = x/3 Доколку не можете да сфатите како дојде до раскинување на врската, тоа е она што го означува Ј.

Ј од прилика е 1/3 од времето што сте го поминале заедно. Ј влегува во игра како фактор и доколку сте биле изневерени. Доколку пак вие сте го иницирале прекинувањето на врската, тогаш вредноста на j=0.

l = 4 Дали сте чувствителни? Дали во најголем дел од времето се потресувате за сè и сешто? Доколку одговорот е да, вредноста на l = 4 месеци. Во спротивно, пишете вредноста нула, односно l=0.

t = x/3 Доколку по раскинувањето на врската се впуштите веднаш во нова авантура и започнете да запознавате нови луѓе и сте во потрага по нова љубов, месеците кои сте биле во врска треба да ги поделите со 3 и ќе ја добиете вредноста на t.

Доколку пак седите дома и „боледувате“ од жал по поранешната љубов, t=0.

k = Бројот на часови кои ги поминувате дневно и ги проверувате социјалните мрежи со цел да видите нешто поврано со поранешното момче/девојка.

r=3 Доколку не можете да се одлучите да го блокирате на социјалните мрежи со цел да не ги гледа вашите објави на Инстаграм, додадете 3 месеци како вредност за r.

Во спротивно, доколку го избришете од сите социјални мрежи, вредноста на r=0.

Па да ја видиме љубовната формула на дело.

На пример, сте биле во врска 1 година, односно 12 месеци. Тоа е почетната вредност X. Таа бројка е особено важна и ќе ви биде потребна во текот на целата пресметка.

x/2 + j + l - t + k/2 + r = y.

  • Не знаете како точно дојде до прекин на љубовната врска. За да ја добиете вредноста ј, потребно е 12 да го поделите со 3 и го добивате бројот 4.
  • Многу сте чувствителни, па токму затоа следната вредност, односно l=4 (во спротивно ќе беше нула).
  • Не излегувате од дома, немате желба за запознавање нови луѓе и уште боледувате од љубовна треска. Вредноста на t=0.
  • Постојано го/ја следите поранешниот дечко или девојка на сите социјални мрежи во обид да видите и дознаете нешто повеќе за него/неа.
  • Сигурно посветувате 2 часа во денот на оваа активност, што значи дека вредноста на к=2.
  • Немате намера да ја избришете или блокирате поранешната љубов од социјалните мрежи. Како последна вредност додадете 3 месеци во равенката.

Па да пресметаме:

12/2+4+4-0+2/2+3 = ?

Бројот на месеци кои ќе ви бидат потребни да ја преболите поранешната љубов во оваа ситуација изнесува 18 месеци.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg