Како да оставите добар впечаток кај родителите на партнерот?

Запознавањето со родителите на партнерот може да биде стресно искуство, а секако дека секој сака да остави добар впечаток.

 kako-da-ostavite-dobar-vpechatok-kaj-roditelite-na-partnerot-01.jpg

Но, ако вашата врска е сериозна и веќе имате планови за заедничка иднина, не би требало да биде толку тешко да се подготвите за моментот.

Во продолжение, неколку совети кои ќе ви помогнат да се покажете во подобро светло.

Како да им се допаднете на родителите на партнерот без трема?

Подгответе се за прашањето „Како се запознавте?“

Не сите љубовни приказни и почетоци на врски се за раскажување пред други, посебно пред родители.

Секако, не сите имаат совршен љубовен почеток со љубов на прв поглед.

Па за да си скратите од непријатните ситуации, однапред договорете со партнерот приказна за да немате различни верзии од почетокот на вашата врска.

kako-da-ostavite-dobar-vpechatok-kaj-roditelite-na-partnerot-02.jpg

Научете нешто повеќе за нив

Немојте да одите да се запознаете со родителите на партнерот без воопшто да знаете ништо за нив и да не се интересирате за нивното семејство и членовите во него.

Доволно е да знаете некои основни информации за секој од нив за да не бидете како изгубени и да не знаете што да прашате.

Подгответе неколку општи и соодветни теми за разговор

За да не дојде до непријатни ситуации на молчење кога темите ќе згаснат, од дома подгответе неколку теми на кои мислите дека е во ред да разговарате според информациите кои ќе ги имате за нив.

И секако, држете се до општите теми, без да навлегувате во политика, религија, пари и слично.

kako-da-ostavite-dobar-vpechatok-kaj-roditelite-na-partnerot-03.jpg

Договорете однапред што ќе правите, а што нема

Секое семејство има различни ставови за тоа што е соодветно, културно и морално. Па затоа, за да нема непријатни ситуации, договорете се однапред како и колку да покажувате емоции кон другите луѓе.

Како ќе се однесувате меѓусебно со партнерот, колку ќе бидете блиски и однапред договорете ги границите.

kako-da-ostavite-dobar-vpechatok-kaj-roditelite-na-partnerot-04.jpg

Одете на вежбање дента кога ќе се запознаете

Можеби звучи чудно, но докажано е дека спортувањето го намалува стресот, што значи дека ќе ви биде многу полесно да се справите со запознавањето откако претходно ќе се испразните.

Запомнете – тоа не е испитување ниту интервју

Запознавањето треба да оди опуштено со пријатен меѓусебен разговор, а не да бидете на испитување, или пак вие да поставувате само однапред припремени прашање како на интервју.

kako-da-ostavite-dobar-vpechatok-kaj-roditelite-na-partnerot-05.jpg

Не зборувајте за поранешните врски

Секако, ова веројатно не треба ни да се напомене, но добро е да се потсетите дека оваа тема треба да ја заборавите, дури и ако некој од нив ја отвори, вие треба да ја избегнете и да не продолжувате да зборувате понатаму.

Не реагирајте негативно

Дури и ако се случи нешто непријатно или ви постават некое лошо прашање, па почувствувате дека не е како што треба, немојте да реагирајте бурно или да се лутите.

Бидете смирени и културни, насмевнете се и ако не сакате не одговарајте, можеби само ве тестираат или се шегуваат на ваша сметка.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg