Сексот и романтиката не се најважни - Кои се најбитните фактори за успешна и долга врска?
Расправии и надвикување со нашите партнери, дури и за сосема неважни банални работи. Сите сме го преживеале тоа.
И сигурно 100% од вас си го поставуваат истото прашање: Каде згрешивме? Зошто не можеме едноставно да ги решиме работите и да бидеме во среќна врска?
Најновата студија има неколку заклучоци врз основа на огромен број податоци собрани од возрасни луѓе низ целиот свет.
Истражувањето кое траело 5 години е направено од страна на Универзитетот на Јужен Пацифик и е започнато во 2011 година.
Тоа подразбирало од испитаниците да ги оценат своите партнери на скала од 1 до 10 во поглед на следните клучни работи:
Комуникација. Дали знаат како да слушаат, да споделуваат мисли и да избегнат критика.
Решавање на конфликти. Да останат фокусирани на темата на расправата и на сегашноста и да бидат спремни да простат или да се извинат доколку е потребно.
Познавање на партнерот. Да знаат како да се забавуваат со партнерот, да знаат што претпочита партнерот и да ги исполнуваат неговите желби.
Животни знаења. Раководење со финансии, одржување на кондицијата и здравјето и задржување на работното место.
Себе-менаџирање. Познавање на своите силни и слаби особини, вложување напор за подобрување и совладување на слабостите и идентифицирање и постигнување на целите.
Секс и романса. Прашување за сексуалните потреби на партнерот и извршување на неговите желби, наоѓање на време за интимност и одржување на својата убавина за партнерот.
Стрес-менаџмент. Да се користат разни методи за совладување на стресот, како што се релаксација, планирање, организирање и визуализирање.
Овие податоци потоа се собрани како резултат од нивното задоволство од врската. Истиот процес е повторен уште еднаш и во 2016 година од две причини: Да се осигурат дека ќе се добијат истите податоци од долгите врски и да се дознае кои податоци се повторуваат и може да се предвидат во долгите врски.
Што покажале резултатите од ова истражување?
1. Доколку мислите дека сексот и романтиката се една од најважните работи, далеку сте од вистината.
2. Најважни работи за долга врска се комуникацијата и познавањето на партнерот.
3. Доколку знаете добро да комуницирате, лесно ќе може да ги решите проблемите.
4. Кога имате каков и да е проблем, треба да бидете искрени со вашиот партнер за да може заедно да го решите проблемот.
5. Искреноста и градењето на доверба се неверојатно важни за секоја врска, но без комуникација тие се невозможни.
6. Исто така, доколку не го познавате вашиот партнер нема да можете да се разберете еден со друг.
7. Доколку комуницирате, а не знаете дека едно нешто значи една работа за вас, а нешто сосема друго за вашиот партнер, вие нема да може да се разберете и ќе имате различен поглед на истата работа.
8. Доколку пак, не сте оние „вистинските вие“ кога сте со партнерот, тогаш никогаш нема да можете реално да функционирате заедно, барем не подолго време.
9. Автентичната поврзаност со комуникација и познавањето на партнерите се најбитните работи кои овозможуваат здрава и долга врска.
(О)Милена | Црнобело