Не си го губете времето - 5 типови мажи кои никогаш нема да ги промените

Најголемата заблуда е дека можеме да промениме некого. Но, прашањето кое се наметнува е – зошто воопшто би се труделе да го правиме тоа?

5-tipovi-mazi-koi-nikogas-nema-da-gi-smenite-01.jpg

Ставете се во обратна ситуација – колку пријатно би ви било доколку некој сака да ве промени вас? Никој не е совршен и секој со своите мани и карактерни особини, тоа е она што треба да го запаметите.

Доколку некого го сакате искрено и од срце, нема да се обидувате да го промените, дури и ако е:

Пивопиец

Можеби сметате дека виното е пософистициран избор на пијалак или дека пивото не е соодветно за секоја пригода, но за овие момци ништо не се споредува со „грч“ ладно пиво. Или придружете му се на изборот или замолчете и гледајте си го вашиот пијалак.

Зависник од видео игри

Или кажано со модерниот жаргон на изразување „гејмер“. Вам ви се чини безумно да се потрошат 3 и повеќе часа прикован на столчето со поглед вперен во мониторот и рацете залепени за глувчето и тастатурата, додека се обидува да собере што е можно повеќе „мана“.

И нему можеби му изгледа безумно 3-часовното разгледување чевли по излози, па никому ништо.

Мамин син

Тие се слушаат постојано на телефон, си комуницираат на Фејсбук и Вибер, си праќаат слики и редовно пијат кафе сами. Едноставно се блиски и наместо да ве иритира тој факт, прифатете го и бидете среќни што сте нашле маж што ги разбира и почитува жените. Секако, доколку нивното однесување е во разумни граници.

Спортски фанатик

Спортска среда, спортска сабота, финале Лига на шампиони, НБА финале, Формула 1, некакво си пријателско дерби… веројатно немате изгледано толку спортски натпревари во животот, колку што мажот гледа во една недела.

Сепак, секој има своја пасија и не треба да му биде забранета. Вас ве заморува некој додека гледате серии или читате книги?

Хиперактивен кој не го држи место

Додека вие сакате да си поспиете наутро и да го испиете првото кафе во мир и тишина, тој веќе е буден неколку часа, исцедил сок, направил кафе, испазарил и прави план каде да се оди следно.

Едноставно „не го држи место“ и наместо да се нервирате како сте со некој што има „црвци во газот“ прифатете дека имате различни сензибилитети и карактери и извадете го најдоброто од овој однос.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg