7 непријатни вистини кои не смеете да ги сокриете од партнерот
Од тоа дека лошо му мириса здивот, па до дијагнозата за некоја ваша болест, некои работи не смеат да се премолчат.
Понекогаш дури и на најблиските луѓе не им ја кажуваме вистината од страв да не ги повредиме и од страв како тоа ќе влијае на нашиот однос.
Но, кога е партнерот во прашање мора да играте со отворени карти, дури и кога мислите дека вистината може да го повреди.
Вистини кои мора да му ги соопштите:
Непријатен мирис
Многу луѓе можеби некогаш го чувствуваат неговиот непријатен мирис, од устата или пак од под пазувите, па вие треба да се осмелите да му кажете. Посочете му на проблемот културно и тој нема да ви се налути.
Вишок на килограми
Ако гледате дека тој драстично качува килограми, споменете му го тоа на некој безболен начин. Прашајте го дали направил некои промени во исхраната или можеби треба да ги провери хормоните.
Екстра трошоци
Нормално секој има свој буџет и право врз истиот, но ако парите ги ставате на едно место и едниот троши премногу навистина не е фер. Посочете му дека треба да биде поодговорен.
Вистинските интереси
На почетокот од врската луѓето претерано се заинтересирани за интересите на партнерот, но со текот на времето треба да бидете отворени и да му кажете кои се вашите вистински интереси.
Дека сакате/не сакате деца
Сите имаме свои планови во животот и мора отворено да му кажете кои се вашите приоритети за иднината. Ако не сакате деца во животот, кажете му отворено за да нема лажни надежи.
Дека не го сакате како порано
Многу луѓе остануваат во врски без љубов, но вие не смеете да бидете дел од нив. Отворено кажете му на партнерот дека сте оладени и двајцата поработете на односот. Ако не се среди, заминете си.
Сериозна болест
Не смеете да ја криете веста ако имате некоја сериозна болест. Ниту стравот дека ќе ве напушти, ниту пак стравот дека ќе го повредите, не се оправдување. Неопходно е тој да ја знае вистината.
С. С. | Црнобело