Единствените секс правила кои мора да ги почитувате
Мора да се заштитите емоционално и да внимавате кога сте под дејство на алкохол, затоа што тогаш сте најранливи.
Пред сè мора да се почитувате себеси и да размислите добро - дали стапувањето во сексуален однос вечерва ќе ви донесе главоболки утре наутро.
5 секс правила кои мора да ги почитувате:
Осигурајте се дека сексот е безбеден
Ако вие и другата личност сакате да имате секс, имајте, но задолжително размислете за вашето здравје.
Од кондоми до огромна внимателност дали треба да се одлучите на орален секс со таа личност, вашиот живот зависи од тоа.
Согласноста треба ентузијастички да биде дадена од двете страни
Ако една од личностите е под дејство на супстанции и не го контролира своето однесување, тогаш не смее да има акција.
Двајцата партнери треба јасно да нагласат дека сакаат секс и сексот треба да се прекине во кој било момент кога едниот од нив ќе го посака тоа.
Проверете ги своите емоции
Ако сте загрижени што ќе се случи утре, дали партнерот ќе ви возврати на љубовта и слично, тогаш не смеете да имате секс. Мора да бидете емоционално стабилни пред да стапите во односи за да немате потоа проблеми со психата.
Мора да се заштитите, да се чувствувате комфорно и да бидете подготвени на последиците.
Не морате да гo правите тоа што сите други го прават
Сексуалноста на секој човек е лична работа и токму тоа ја прави толку прекрасна. Што е убаво за една личност, е одбивно за друга.
Мора да ги прилагодите работите да ви одговараат на вас и вашиот партнер, а не да го правите тоа што сите други го прават.
Не грижете се дали ќе задоволите одредени стандарди, само правете го тоа што сметате дека е правилно за вас.
Научете што сакате
Мастурбацијата е одличен начин за да го испитате вашето тело и да откриете што ви одговара. Исто така, и преку состанувањето со луѓето ќе дознаете што ви одговара, а што не.
Дури и да сте имале некој „лош“ секс нема потреба да се каете, само искористете го тоа како лекција.
С. С. | Црнобело