Спијам со 22 години постар колега. Но, тој не сака да ја остави сопругата
„Лудо сум вљубена во еден тип од работа. Го имаме најдобриот секс на светот. Меѓутоа, ми вели дека не може да ја напушти жената. А, ни јас не сум ништо подобра.“
Иако од него ја делат полни 22 години разлика, таа лудо се вљубила во својот колега на работа. Редовно имаат интимни односи и одржуваат некаков вид на љубовна врска. Меѓутоа, „проблемот“ е што тој е оженет, а нема намера да ја остави сопругата:
„Тој има 49, а јас 27 години. Се вработи во компанијата каде работам пред две години. Се зближивме уште од првиот ден. Заедно излегувавме на паузите, а еднаш ми предложи и петочки да скокнеме до ресторан на ручек. Бев воодушевена што воопшто одиме еден покрај друг.
Работите почнаа да се загреваат помеѓу нас, кога тој ме собра со автомобилот од работа, па ме одведе на скришно место. Страствено се бакнувавме, а сѐ се заврши со секс на задното седиште. Ова беше почетокот на нашата афера, која трае и ден-денес.
Одлично се сложуваме во кревет. Меѓутоа, помеѓу нас постои нешто многу повеќе од тоа. Односот ни е навистина неверојатен. До уши сум заљубена во него. Иако знам дека никогаш нема да ја остави сопругата, не можам да се тргнам настрана.
Знам дека и тој го чувствува истото. Не го трга погледот од мене кога сме заедно. Вели дека би сакал да е слободен, но поради трите деца, едноставно не може да ја напушти жената.
Од друга страна, ниту јас не сум слободна. Во брак сум со предобар маж кој буквално ме обожава. Сладок е, мил и грижлив кон мене, ама нашата врска е досадна. Никогаш не сме имале онаква страст каква што чувствувам со љубовникот. Досега мислев дека такви нешта се случуваат само во романите.
Имаше периоди кога ни се заладија односите. Особено кога тој оди на одмор со сопругата. Тогаш страшно ми недостасува, па секојпат си повторувам дека веќе не можам да ја поднесам болката. Но, штом ќе се врати, ние повторно сме заедно.
Поминуваме доста време еден со друг во текот на неделата. Тој живее прилично далеку од работното место, така што некогаш има алиби за доцните враќања дома. А, јас го усовршив лажењето на сопругот, па без проблем се искраднувам и навечер.
Силно посакувам да бидам со него. Меѓутоа, што ако и понатаму одбива да ја остави жена си?
Очајната девојка ѝ се обрати за помош на експертката за љубовни односи, Деидре, а нејзиното писмо го пренесе The Sun. Еве каков совет доби за целата ситуација:
„Претпоставувам дека секогаш ќе биде така. Страста што ја чувствуваш се гледа во твоите зборови. Но, за него си само сочен додаток на хармоничниот брачен живот и семејството. Тој нема да го сруши својот и нивниот свет.
Колку и да ви се чини дека вашата прељубничка врска е возбудлива, ти и љубовникот сте во различни фази од животот. Дали навистина би ги сакале истите работи во иднина, дури и ако обајцата сте слободни?
Веројатно и самата сакаш да имаш семејство, додека тој, претпоставувам, не е спремен сѐ да гради од почеток.
Имаш прекрасен маж кој го земаш здраво за готово. И со него може да имате возбудлив секс. Меѓутоа, ти сиот труд го вложуваш во аферата. Пренеси барем дел од енергијата и во бракот.
Прекини со љубовникот. Што велиш на идејата - ти и мажот ти да започнете со интимни средби надвор од домот?“
М. А. | Црнобело