Рецепт за вистинска љубов

Кои сосотјки ви се потребни за да ја создадете правата љубов? Едноставно, овој "рецепт" нуди 9 љубовни состојки со чија помош можете да направите...

 

...љубов и добар однос со партнерот. Ниту една состојка не смеете да изоставите, бидејќи секоја од нив делува само со синергија со некоја од останатите!

Потребно ви е: 

1. Самопочит

Законот во квантнта физика вели дека дека привлекуваме она што сме. Законот за привлечноста нам ни кажува дека во животот ќе не привлекува она што мислиме дека го заслужуваме.

Поради тоа, за да ја привлечете вистинската љубов, мора да ги препознаете своите добри особини и да знаете да ги цените своите вредности. 

 

2. Почитување

Почитувањето на партнерите меѓусебно е подеднакво важно. Врска во која недостасува почит е осудена на пропаст.

recept-za-vistinska-ljubov1

3. Искреност

За да успее врската, двајцата партнери треба да бидат искрени и отворени.

Ако процените дека партнерот не е искрен, веројатно ќе се запрашате колку искрени треба да бидете и вие.

Вие секогаш бидете искрени и очекувајте го истото од партнерот и тоа и ќе го добиете.

4. Рамноправност

Постои тенка линија помеѓу она што сте како личност и она што сте како пар.

Двајцата партнери треба да ја задржат независоноста, своите интереси и страсти, но никако да не се заборави меѓусебната подршка.

5. Комуникација

Комуникацијата би требала да биде течна во секоја ситуација во врската. Кажете му на партнерот што очекувате и сакате од него и настојавуајте тој да ви зборува за своите стравови, чувства, емоции, желби и цели.

6. Разбирање

Во секоја здрава врска, двајцата партнери се разбираат еден со друг и се стрпливи. Прифаќањето на различности и почитување има граница.

7. Слобода

Љубовта не можете да ја држите на ланец, ниту пак партнерот. Ако мислите дека има потреба од тоа, тогаш имате сериозен проблем.

8. Желбите на партнерот

Ова е една од поважните состојки, а сепак многу често се заборава. Најчесто луѓето му даваат на партнерот она што го сакаат за себе. Подобар пристап е да го прашате партнерот што му треба и што сака.

9. Простување

Простувањето е првиот чекор на патот на секоја врска и воопшто - во љубовта.

Начин на подготовка:

Помешајте ги сите состојки и "ставете" ги во врската. Некоа стојат долго и гледајте потоа како се развива!

Би можело да ве интересира:

Знаци дека пријателите (не)свесно имаат лошо влијание врз вашата врска Пријателите кои навлегуваат во лични работи, отворено го критикуваат партнерот и...
Српски психолог е хит на Инстаграм - објасни зошто балканските мажи не се разведуваат од сопругите Колкави се шансите мажот да се разведе од сопругата за да биде со љубовницата? „...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Идеи за секс без пенетрација кои исто така пружат задоволство (18+) Покрај добропознатиот орален секс, постојат и други „игри“ во кревет кои не вклу...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg