Како да го одбиете партнерот за секс, а тој да не ви се налути?
Кога сакате да ја прескокнете акцијата во спалната соба, нема потреба да чувствувате вина, само потребно е тоа да го сторите на вистинскиот начин...
Понекогаш сте уморни или под стрес и навистина не ви е до секс. И тоа е сосема во ред, не значи дека вашиот партнер не ве привлекува.
Проблем станува кога чувствувате притисок дека не смеете да го одбиете партнерот за секс бидејќи се плашите да не го вознемирите. Но, навистина нема потреба да имате секс само затоа што мислите дека мора.
Едно ново истражување, направено на 642 возрасни личности, покажа дека одбивањето на партнерот нема да ѝ наштети на вашата врска сè додека тоа го правите на позитивен начин. Тоа значи дека кога го одбивате, треба да го потсетите дека го сакате и дека ве привлекува, само не се чувствувате расположени за секс во моментов, но ќе му се оддолжите во иднина.
Испитаниците од истражувањето мислат дека е подобро партнерот да ги одбие на фин начин, отколку да има секс вештачки и на сила со нив.
Најголемо задоволство има кога двајцата ентузијастички прифаќаат секс, а најлоша е ситуацијата кога има дрско одбивање со фрустрации и критицизам.
Ако одбиете дрско секс, иритирани што вашиот партнер воопшто ви предложил, може трајно да му наштетите на вашиот сексуален живот и врска, но ако го направите тоа на фин начин, тогаш вашиот однос нема да има никакви долгорочни последици.
С. С. | Црнобело