Гласни или тивки: Какви девојки сакаат момците во својот кревет?
Без разлика кој каков тип на љубовник е, ниту пак дали сте маж или жена, тишината за време на сексот асоцира на здодевност и е показател дека нешто не е во ред.
Сите звуци за време на сексуалниот однос укажуваат дали некој потег е добар, а според интензитетот и начинот на испуштање на звуците, може да се заклучи дали нештата се движат во вистинска насока.
Мажите сметаат дека жена која само лежи и чека партнерот да ја заврши својата работа, колку и да е атрактивна, е здодевна.
Тие сакаат партнерката еднакво да учествува во сексуалната игра, да ги допира, да ги бакнува и да воздивнува.
И мажите и жените уживаат кога ги слушаат извиците на партнерот за време на секс, а тоа може да влијае и стимулативно врз либидото.
Што се однесува до жените, пак, некои сметаат дека доколку се гласни, им ја креваат самодовербата на своите партнери, мотивирајќи ги со тоа да бидат уште подобри љубовници.
Меѓутоа, гласното викање некогаш може да изгледа и како глумење, особено кога е во прашање оргазмот.
Затоа, најдобро е да се биде гласен колку што е голема потребата која доаѓа „одвнатре“ за време на сексот, без притоа да се ризикува партнерот или партнерката да мораат да ги заштитат ушите од прегласни звуци.
Во врска со гласните жени, еве што изјавиле неколку момци за „Космополитен“:
Опа! Значи вршам одлична работа! Гласна е како порно-актерка, а јас сум крал! Дали некој слуша? Ми завидуваат ли?
Може ќе ми пукнат ушите, ама ова ќе биде добар секс.
Глуми ли? Никогаш не сум чул нешто слично. Звучи премногу театрално!
С. У. | Црнобело