Споделуваме искуства: „Какви промени ми се случија откако имам секс секој ден?“
Sam Gutierrez откако почнала да практикува секс 7 пати во неделата вели дека животот комплетно ѝ се променил на подобро.
Sam Gutierrez е млада жена која вели дека сексот отсекогаш го сметала за убава работа, но сè досега не била во толку сериозна врска за да живее со некој. Токму затоа откако започнала да живее со момчето одлучила да ја искористи ситуацијата и да има секс секој ден.
Се разбира, таа вели дека некогаш има исклучок ако некој е болен или ужасно уморен, но во принцип сексот им станал секојдневна рутина.
Sam открива дека никогаш во животот немала подобар сексуален живот од сега и дека никогаш не се чувствувал посреќна.
Отворено говори за сите придобивки:
Порасположена сум
Сексот прави да се чувствувам добро, ми прави поголемо задоволство од јадењето чоколадо, плус здраво е. Секој ден имам секс и ми се лачи хормонот допамин, кој прави да се чувствувам одлично, дури и по мизерен ден на работа.
Исто така, прави да се чувствувам дека сум во добра врска во која сум посакувана, па мојата самодоверба е на одлично ниво.
На работа колешките ме прашуваат како може да сум толку среќна постојано.
Ми го намалува притисокот константно да бидам одлична во кревет
Кога имате секс ретко, очекувате во специјалните пригоди во кои го имате да биде воодушевувачки. Очекувањето огномет е голем притисок.
Со тоа што имам секс секој ден сфатив дека не мора секој пат да бидам лансирана во рајот и тоа е во ред. Не сфаќајте ме погрешно, со момчето имаме одличен секс, но наместо задолжително да внесуваме нови потези, ние понекогаш правиме само некое лежерни работи кои во моментот ни одговараат.
Не сум под притисок дека мора секој пат да му приредам незаборавно шоу. Сепак, постои утре.
Но, и пробуваме тон нови работи
Кога имате секс секој ден, многу повеќе време од животот му посветувате на овој чин, па со тоа и пробувате нови работи.
Знаеме дека со партнерот и да пробаме нешто и не ни се допадне, за само 24 часа ќе добиеме нова можност за задоволство, па затоа не губиме ништо ако експериментираме. Плус, новите работи брзо застаруваат, па затоа секогаш на сцената доаѓаат нови.
Открив што сака моето момче
Знаеме дека вежбањето води до совршенство. Како за сè друго, така и за сексот, потребно е време за да сфатите што сакате и што прави да се чувствувате добро, како и да сфатите што сака вашиот партнер.
Сега го имам најдобриот секс во животот затоа што со момчето вежбаме секој ден.
Комфорна сум гласно да кажам што сакам и што не сакам
Кога имате секс станувате ранливи, дозволувате некој да ве види комплетно голи и се поврзувате со него на навистина интимен начин.
И кога тоа се случува ретко, секој пат ви предизвикува некоја некомфорност. Но, кога го правите секој ден тогаш веќе ви е секојдневна навика.
Кога ќе се соблечам не сум срамежлива и ранлива, туку јасно му кажувам што прави добро, а што прави одлично.
Комфорна сум со мојот партнер
Тој ме гледа гола и комплетно природна секој ден, па така покрај сексот, со него ми станува прекрасна и секоја друга активност.
Знам дека со него можам да ги споделам и најдлабоките стравови и да не си ставам граници.
Времето минато во секс е време минато заедно
Тоа е време кое е посветено само на двајцата нас. Мигови за наше уживање. Понекогаш сме толку зафатени што едвај се гледаме во текот на денот, но времето кога имаме секс веднаш ни дава посебно чувство на близина.
Квалитетното време минато заедно е клучно за секоја врска.
Имам поквалитетен сон
Сексот ме истоштува комплетно и потоа веднаш заспивам и се чувствувам здраво и среќно.
Ми ги трга грижите од умот, имам мирен сон, а утрото се будам свежа, одморена и насмеана, дури и пред да го испијам моето утринско кафе.
С. С. | Црнобело