Кој маж е вистински маж?
Кога девојка ќе каже “Овој е вистински маж“ или “Ова е дечко каков што сакам“ често се прашувате на што мисли. Овие неколку нешта прават еден маж...
...– “вистински маж“ гледани од женска перспектива, но не е на одмет и мажите да проучат што навистина очекуваат жените.
1. Секогаш е пристоен со родителите на својата сакана, а се сложува со неа дека се вистинска напаст.
2. Не се плаши да го видите како плаче.
3. Никого не нарекува педер.
4. Дозволува да го земете последното залче торта која заедно ја јадете.
5. Трчи во аптека 10 минути пред затворање за да ви купи апчиња за менструални болки.
6. Има здрав однос кон парите. Дури и ако ги нема премногу, разбира дека е во ред да ги потроши на работи кои ве прават среќни.
7. Знае да зготви повеќе од јајце на око.
8. Нема повеќе од 4 пара чевли.
9. Знае да поправи ситни домаќински работи низ дома.
10. Ја прекинува врската која не функционира наместо да ве изневери.