9 начини на кои несвесно изневерувате
Иако кога ќе се спомне неверство прво помислуваме на физичко изневерување, сепак постојат други типови на афери кои можете да ги имате додека сте во врска или брак.
Ова се 9 не-физички начини на кои ја изневерувате довербата на партнерот, а не сте свесни за тоа:
1. Премногу сте блиски со пријател од спротивниот пол, иако сте свесни дека постои привлечност
2. Флертувате онлајн и офлајн
3. Поблиски сте со контактите во смартфонот, отколку со партнерот
4. Постојано се жалите и споделувате интимни детали за партнерот пред пријателите
5. Ја поминувате границата на пристојност со новите познаници или случајни минувачи
6. Имате „таен најдобар пријател“
7. Имате сексуални фантазии во кои вашиот партнер не е вклучен
8. Лажете за финансиската состојба
9. Не се залагате за партнерот и не го поддржувате што и да направи
М. Д. | Црнобело