Зошто луѓето во врска често накачуваат по некој килограм плус?
Многу момци и девојки барем еднаш во животот во тек на врска накачиле по неколку (а некои и по повеќе) килограми. Науката има објаснување за тоа.
Истражувачката оргнизација „PLOS One“ спровела тест на 15.000 Австралијанци и дошле до заклучок дека многу од нив во тек на љубовна врска ставиле килограм плус. Дошле до заклучок дека во просек едно лице во врска има околу 6 килограми повеќе од оние кои се сингл.
Причина за тоа е што кога сме во пар често сакаме да испробуваме нови места, да уживаме во кино со пуканки и сок, да се обидеме да зготвиме нешто за партнерот, да земеме десерт, да јадеме доцна во ноќта...
Од друга страна пак, дојдено е до заклучок дека паровите се нешто поздрави од сингл-луѓето, особено кога е во прашање консумацијата на алкохол и цигари.
Паровите најчесто си ја имаат меѓусебната утеха во однос на физичките измени и ако едниот реши да внесе измени во исхраната или да почне да вежба, многу е веројатно дека нема да успее доколку не добие поддршка од партнерот. Затоа, доколку се решите дека е време да ги симнете тие вишок килограми, одлично би било тоа да го правите во пар.
Секако, со повеќе здрава исхрана ќе бидете и поздрави, но и поиздржливи кога е во прашање сексуалниот живот, што е значаен дел од врските.
С. У. | Црнобело