Како откажувањето од цигарите ќе ви го подобри сексуалниот живот?
Откажувањето од цигарите ќе ви донесе низа придобивки како што е намалениот ризик од појава на рак, подолг живот и подобра кожа.
Но, ако сè уште не сте убедени, можеби ќе ве убеди информацијата дека вашиот сексуален живот значително ќе се подобри ако престанете со пушење.
На кој начин пушењето му штети на вашиот сексуален живот?
Еректилна дисфункција
Пушењето предизвикува кардиоваскуларни проблеми, а проблемите со циркулацијата водат до еректилна дисфункција.
Доаѓа и до затнување на крвните садови во машкиот полов орган, па така стврднувањето оди потешко.
Вагинална сувост
Проблемите со циркулацијата не влијаат само на пенисот, туку и на вагината. Таа може да има проблем со навлажнувањето, односно природната лубрикација.
Тоа значи секс со помалку задоволство.
Дури и една цигара може да влијае на ерекцијата
Може нема да ви се појави комплетна еректилна дисфункција, но веднаш може да почувствувате малку помала тврдина на половиот орган во ерекција.
Состојките во цигарите, како тутун, никотин и јаглерод моноксид, веднаш влијаат на крвните садови.
С. С. | Црнобело