Лицето е поважно од телото
Разочарувачка вест за сите боди билдери и заљубеници во фитнесот - жените сепак повеќе се заинтересирани за цртите на лицето кај момчињата...
... отколку неговите бицепси или атлетска градба.
Барем така се тврди во новото истражување. Ист број на мажи и жени учествуваа во ова истражување во кое целта беше да се заклучи што е вистинскиот клуч на привлечноста.
Учесниците ги следеле личностите на фотографиите и трбало да ги оценат со оценка од 1 до 7. На некои фотографии биле претставени и фигурата и лицето, а некои само лицето, а на некои само телото.
Резултатите на ова истражување покажаа дека лицето е она што има поголемо влијание на привлечноста, а посебно жените предност им дале на ликот во однос на телото при оценувањето на мажите.
Сепак, истражувањето не значи дека треба да важи генерално за сите жени, па затоа еве вие кажете: Кога зборуваме за привлечноста, што е поважно - лицето или телото?