10 работи кои жените ги бараат кај мажите, а во суштина не ги сакаат

6. Сакаат да биде „надарен“.

Шегите настрана, сосема разбирливо е дека жените сакаат добар сексуален живот. И многумина си велат: колку поголем пакет, толку подобро!

Меѓутоа, за долгорочни партнерства, важно е да согледате дека вашето тело и желби може да се променат низ годините. Па, дел од оние што сметаат дека им треба партнер со огромен пенис, вообичаено го менуваат мислењето по епизотомијата при породувањето, после која „надарениот“ маж го чувствуваат како нож.

А, не мора ни да родите за да доживеете дека не сте компатибилни во кревет. Различните пропорции на неговото и вашето тело, неретко се доволни фактори. Па доколку осетите непријатност, ќе сфатите зошто некогаш се поважни разбирањето, компромисот и заедничките еротски фантазии, одошто самата величина на половиот орган.

10-raboti-koi-zhenite-gi-baraat-kaj-mazhite-a-vo-sushtina-ne-gi-sakaat-7.jpg

7. Сакаат постојано да биде со нив.

Очекувано е да сакате да ја поминете секоја минута со саканата личност, особено во првите месеци од врската. Но, како што напредува односот, така е неопходно и партнерите да си дадат простор и време, како би ги запознале своите граници и потреби.

Има жени кои посакаат мажот да го помине сето слободно време со нив. И нема ништо лошо во тоа. Квалитетно поминатите заеднички мигови се исклучително важни за постоечката врска.

Меѓутоа, мора да постои рамнотежа, со која секој партнер ќе има време за себе, нивно заедничко време, време за пријателите, со семејството итн. Ваквиот баланс е здрав за односот. Од која причина?

Голем број луѓе паѓаат во депресија по прекинот на врската. Тешко ги преживуваат миговите после раскинувањето, преиспитувајќи се зошто ги запоставиле сите други аспекти од животот, па сега не им останува буквално ништо.

Затоа, важно е да се изградите себеси како личност, како и да се посветите на вашите интереси. Сѐ останато, како партнерот и врската, нека бидат само надополнување.

10-raboti-koi-zhenite-gi-baraat-kaj-mazhite-a-vo-sushtina-ne-gi-sakaat-8.jpg

8. Сакаат да биде романтичен.

Не е дека мажите не би требало да ја покажат својата романтична страна, како на зборови, така и со гестовите. Меѓутоа, се чини како на жените никогаш да не им е доста од романтика.

Мнозинството сакаат „нешто романтично“, а малку од нив точно знаат како тоа всушност изгледа. Дали е тоа цвеќе еднаш месечно? Секси подарок? Пријатна вечера? Она што тие навистина го сакаат е внимание.

А, колку внимание ви треба? Тенка е линијата помеѓу премалку и премногу, а последиците се големи. Оттука, објаснете му на партнерот што сакате, а што не, бидејќи ниту тој, како ни вие, немате способност за читање мисли.

10-raboti-koi-zhenite-gi-baraat-kaj-mazhite-a-vo-sushtina-ne-gi-sakaat-9.jpg

9. Сакаат да биде независен.

Супер е кога партнерот е самостоен и не бара постојано помош околу работите. Независноста е социјално атрактивен квалитет, па припадничките на понежниот пол, во потрага се по мажи кои покажуваат дека се способни да водат грижа за себеси.

Но, за жал, таа не е секогаш позитивна, па за мноштво жени, ова и не е така идеална ситуација. Самостојноста може да стигне до одредени граници, кога веќе преоѓа во занемарување на втората половина.  

Тешко е да преговарате со некого, доколку тој е цврсто врзан за сопствениот дневен ред. Затоа, наместо прекумерно независен индивидуалец, идеален партнер би ви бил некој што ќе ги послуша вашите совети, без оглед на ставот што за себе го има како самостојна личност.

10-raboti-koi-zhenite-gi-baraat-kaj-mazhite-a-vo-sushtina-ne-gi-sakaat-10.jpg

10. Сакаат да биде совршен.

Речиси сите жени копнеат по него, што е потполно природно. Не можат да си помогнат, туку фантазираат дека еден ден ќе го сретнат принцот на бел коњ. Тој е нереално убав, финансиски стабилен и полн со разбирање. Лик без ниту една досадна навика. А, згора на сѐ, неодоливо згоден? Ахх...

Време е за будење! Не само што совршениот маж не постои, туку не би го ни сакале. Покажувањето на личните слабости, несигурности и недостатоци на личноста што ја љубите, претставува значаен дел од здравиот однос во врската.

Бајките се едно, а реалноста нешто сосема друго. Нема човек без маани. Меѓутоа, сигурно некаде се крие мажот што е идеален токму за вас, баш таков каков што е. Затоа, излезете надвор од сопствените рамки. Можеби ќе пронајдете нешто подобро и од соништата!

10-raboti-koi-zhenite-gi-baraat-kaj-mazhite-a-vo-sushtina-ne-gi-sakaat-11.jpg

M. A. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg