Машки исповеди: Што беше најлошото кое ми го кажа среде секс?
Не е секогаш лесно да се биде маж. Особено во интимните ситуации. Припадниците на посилниот пол не се имуни на случувањата во постелата, а особено не на коментарите од жените.
Навидум, тие се груби фраери кои никој и ништо не може да ги повреди. Меѓутоа, вистината е сепак малку поинаква.
Тие храбри, бестрашни и непоколебливи суштества, длабоко во себе се чувствителни души. Па, доволна е само една неумесна изјава од жената, за нив сосема да ги исфрли од колосек.
Запрашани да ги споделат своите непријатни искуства на таа тема, неколку припадници на посилниот пол ги открија „страшните“ фрази, коишто ги слушнале од жена во кревет. Отворено, искрено и без срам.
Прочитајте што е најлошото кое допрело до машките уши, како и нивната реакција за постапката на партнерката:
„Внатре ли е веќе?“
- Одговорот беше: ДА! Ова навистина премногу ме здоболе.
„Мислам дека заборавив да се напијам апче за контрацепција!“
- И тоа дури отпосле ми го кажа?! Се разбира, тогаш веќе беше предоцна.
„Почекај малку, веднаш се враќам!“
- Нејзиното „веднаш“ траеше барем 15 минути. Немам поим што правеше толку долго во бањата, но за тоа време ја изгубив сета волја за секс.
„Сврши ли?“
- Очигледно беше дека не. Нејзината изјава сериозно ме повреди, а ни малку не ја олесни ситуацијата.
„Ќе трае ли уште долго?“
- Па, кој после такви зборови би имал волја за секс? Баш беше демотивирачки!
„Кога последен пат се истушира?“
- Ова е прашањето кое никој не сака да го слушне за време на секс. Дури ни кога ти го поставува долгогодишната девојка.
„Можеби е доста за денес.“
- Се поднапив, па не бев веднаш спремен за секс. А, нејзината изјава ја уби секоја надеж во мене.
„Само така, Алек...хм, Дејане!“
- Да, мојата бивша девојка изговори погрешно име дури воздивнуваше. И, што требаше да направам?! Секако дека не сме повеќе заедно. Тоа едноставно не можев да ѝ го простам.
„Ништо не чувствувам.“
- Фала ѝ. Тоа беше најлошото нешто кое некогаш ми го кажала една жена.
М. А. | Црнобело