За жени: 16 ужасни вистини за сексот кои сигурно сакавте некој да ви ги каже порано
Сексот е прекрасно искуство и прави да се чувствувате живи, но сепак постојат некои непријатни мигови, кои сигурно ќе ги доживеете во животот.
Многу работи дознаваме пред да стапиме во сексуални односи, како на пример дека мора да се заштитиме со кондом или пак како да пресметуваме кога ни се плодни денови.
Но, постојат некои непријатни работи кои никој не ги открива.
Ужасни вистини за сексот кои сигурно сакавте некој да ви ги каже порано:
1. Мажите секогаш ќе бидат опседнати со аналниот отвор на жената.
2. Многу пати од сон ќе ве разбуди партнерот иницирајќи секс со триење на нешто тврдо на вашиот грб.
3. Луѓето ретко (или никогаш) не јадат храна од телата еден на друг, како на филмовите.
4. Давањето орален секс ќе направи да добиете нагон за повраќање илјадници пати во животот.
5. И покрај стареењето и прифаќањето дека сексот е дел од животот на возрасните, гледањето секс сцени во присуство на родителите никогаш нема да стане полесно.
6. Нема да заспиете минута по завршувањето на сексот. Прво, ја имате здодевната процедура на одење во тоалетот за да се измиете.
7. Понекогаш ќе има смешни ненадејни звуци за време на сексот.
8. Сексот на страна од креветот, често ќе ви биде некомфорен и ќе ви донесе модринки.
9. Во најголемиот број од случаите нема да успеете да доживеете оргазам само со пенетрација.
10. Контрацептивните пилули ќе ве претворат во чудовиште поради влијанието на хормоните.
11. Страшно ќе бидете потресени од појавата на разни инфекции во текот на животот. Понекогаш најстрашните сексуално преносливи болести ќе ви паднат на ум.
12. Многу пати ќе пребарувате на интернет симптоми за рана фаза на бременост.
13. Ќе знаете во која аптека се најдобрите тестовите за бременост.
14. Мажите ќе сакаат да ејакулираат на места на вашето тело на кои вие нема да сакате.
15. Луѓето велат дека сексот согорува многу калории, но нема да направите тело на модел само од секс.
16. Ќе имате барем еден секс партнер за кој нема да ве врзуваат многу пријатни спомени.
С. С. | Црнобело