Како да го „одбележите“ денот на вљубените, а да не биде со клише романтична вечера?
Денот на вљубените не е наш празник, но за овој ден мислењата се поделени.
Има парови кои сакаат да го одбележат овој ден и да излезат на романтична вечера, си подаруваат по нешто симболично и уживаат во љубовта.
Спротивно на нив, има луѓе кои не сакаат ни да помислат на славење на овој ден, бидејќи не постои причина, со оглед на тоа што љубовта се слави секој ден.
Но, покрај овие две спротивности, постојат парови кои се наоѓаат некаде измеѓу и не сакаат клише романтика, но немаат ни против да го поминат денот заедно.
Па доколку припаѓате на последната група, ви нудиме неколку поразлични идеи како да го одбележите денот на вљубените со партнерот:
Заборавете на скапи и отмени ресторани и згответе нешто заедно – зачинете ја љубовта
Искористете го „празникот“ да се исклучите од социјалните мрежи (ќе ги избегнете сите романтични објави)
Соберете се со блиски пријатели и направете незаборавна забава
Ако сте спортски настроени, искористете го денот за заеднички спортски активности
Понекогаш, нема ништо подобро од лежење во опуштена атмосфера со филмски маратон
За паровите со натпреварувачки дух, друштвените игри може да бидат многу забавно искуство
Купете секси облека и експериментирајте во креветот
Не заборавајте на Св. Трифун и направете си неколку добри коктели со вино
М. М. | Црнобело