Вистински приказни кои ја покажуваат љубовта на реален начин
Љубовта помеѓу партнерите навистина може да биде магична доколку го најдете вистинскиот животен сопатник.
Разбирањето и поддршката, како и прекрасните заеднички моменти се нешто што не се опишува со зборови.
Паровите кои го имаат тоа знаат да го ценат и токму со тоа ја одржуваат љубовта и врската засекогаш.
Сепак, постојат различни начини на искажување и доживување на љубовта, па секој има различно искуство кое тешко се доловува, но ќе се обидете преку неколку приказни.
Во добро и во зло, во тага и во смеа, љубовта доаѓа во различни форми и облици, а некои парови навистина се трудат да ја убијат монотонијата во заедничкиот живот.
Доколку сакате да видите како вистинската љубов изгледа во реалноста, прочитајте ги следниве приказни кои луѓето ги споделиле:
„Мојата девојка ме запроси на многу интересен начин. Таа донесе дома семе за расадување и рече – Па, добро, веќе имаш дом. Еве ти го идното дрво. Кога ќе посакаш да имаш син, јави ми се. Јас се согласив.“
„Неодамна појадувавме заедно цело семејство. Кашата беше вкусна, но веќе бев најадена. Ми останаа неколку лажици и ги префрлив во чинијата на сопругот. Ќерка ни изненадена рече – Не знаев дека тоа е дозволено! Сите почнаа да се смеат, а сопругот одговори – Само на мама ѝ е дозволено.“
„Имам фобија од пајаци, а мојот сопруг го знае тоа многу добро, но сепак не пропушта шанса да се пошегува на моја сметка. Последно, ми подари кутија како изненадување. Возбудено ја отворив, но беше преполна со мали пајачиња кои претекуваа од неа. Се каравме долго време за тоа. Но затоа се одмаздив и сега тој ги нема омилените мустаќи, како и веѓите!“
„Живеевме сиромашен живот со моите родители. Татко ми никогаш не ѝ подаруваше цвеќиња на мајка ми, ниту пак одеа на кафе заедно. Тие само заработуваа пари. Но, секоја вечер, пред да си легне на неговата страна од креветот, татко ми лежеше на страната на мајка ми за да го стопли делот каде што таа ќе спие. Љубовта е во малите работи.“
„Мојот сопруг запишува некои мои фрази во посебен тефтер и ме тера да се потпишам за подоцна да не можам да негирам дека сум кажала некои работи. Слатко.“
„Еднаш сакав да одам до дома да си ја сменам маичката бидејќи забележав дека имам дупка на неа. Но, мојата девојка, нурна во нејзината чанта, извади фластер, го залепи од внатре и ги замаскира видливите делови со црн маркер. Сè беше во ред. Така сфатив дека ќе ми биде идна сопруга.“
М. М. | Црнобело