7 сексуални фантазии кои мажите се плашат да ѝ ги кажат на партнерката
Има нешта за кои тие потајно мечтаат, ама никогаш нема директно да ѝ предложат на девојката да ги испробаат. Делумно поради стравот од нејзината реакција, или, пак, затоа што не сакаат да ги повредат чувствата на саканата личност.
Постои ли човек без барем една еротска фантазија? Секако дека не. Но, не баш секој е спремен да ги признае. А, и не се сите за кажување, нели? Или можеби – сепак да?
Кога се припадниците на посилниот пол во прашање, нивните фантазии може да се поделат на два типа – едни потсетуваат на сценарио од романтичен филм, додека другите жанровски се категоризирани како акција, но со порнографска содржина.
Сепак, за дел од нив, тие никогаш нема да проговорат во разговорот со жена. Кои им се најчестите мечти и зошто молчат за нив?
Пред да започнете каков било муабет на оваа тема, земете ги предвид резултатите од истражувањето спроведено на Универзитетот во Вермонт. Според добиените податоци, секоја четврта личност чувствува вина поради своите сексуални фантазии.
На вината се надоврзува и стравот од реакцијата на партнерката, односно што таа ќе помисли за него, доколку ѝ предложи некоја од нив.
Ова се седумте сексуални фантазии кои мажите силно ги возбудуваат, но се плашат или срамат да ѝ ги кажат на партнерката:
1. Доминација на жената
Мажите се навикнати тие почесто да го одредуваат темпото на сексот, како и зборовите или чекорите со кои ќе се управува правецот на играта. А, сето ова се одвива според некој премолчен договор помеѓу љубовниците.
Можеби тоа е и причината зошто голем дел од нив ги „пали“ идејата за доминантна партнерка. Привлечно им е, но и исклучително стимулирачки да размислуваат како би изгледал сексот, кога жената би го направила првиот, па вториот, третиот и секој нареден чекор, дошепнувајќи му наредби што тој треба да ѝ ги исполни.
2. Модерен воајеризам
Често слушаме дека на мажите постојано им е сексот на памет. А, додека тие се колнат дека тоа всушност не е така, со сигурност не би ги одбиле сексуалните игри, дури и ако работат нешто друго.
Една од почестите фантазии им е партнерката орално да ги задоволува, додека се пред компјутер, или, пак, разговараат со некого на телефон. Ги возбудува помислата дека личноста која е од другата страна, несвесно сведочи за нивните „нечисти“ игри.
3. Можноста да ги фатат на дело
Помислата да бидат затекнати за време на интимните односи, претставува тема на мноштво популарни фантазии. Сексот на јавно место, каде било кој може да ги види со партнерката, со сигурност е една од омилените на мажите.
И, додека на жената ѝ е можеби страв дека ќе западнат во неволја, токму опасноста ги привлекува припадниците на посилниот пол. Било да се работи за плажа, клуб, покрив на зграда, или, пак, на тераса, ова е идеја која секогаш лесно ќе ги доведе до лудило.
4. Водење љубов пред огледало
„Огледалце, огледалце мое, кажи ми најдобар љубовник кој е!?“. Нарцис се крие во природата на секој човек, а кај одредени мажи, таа се активира баш тогаш кога задоволството кулминира. Сепак, добар дел од нив мечтае за секс пред огледало, не само за да го набљудува својот одраз во огледалото, туку на обајцата.
Ова претставува уште една „воајерска“ фантазија за припадниците на посилниот пол. Гледањето на сопствената акција од поинаков агол е по малку воајерски, но и многу возбудливо, кога ќе подразмислите подобро.
5. Женска мастурбација
Не е некоја голема тајна дека луѓето мастурбираат, ама мажите често не знаат колку редовно и на кои сѐ начини жените го прават тоа.
И, додека за жената е можеби најопуштена игра што ја изведува сама под тушот, за мажот е неистражена вселена. Затоа и гледањето на партнерката како мастурбира, претставува една од неговите омилени фантазии.
6. Домашно видео
Интернетот е полн со порнографски филмови, како професионални, така и аматерски. Сепак, колку и да се тие добри и квалитетни, ниту еден нема да биде толку напнат и возбудлив за мажот, како клипот во кој главна улога игра неговата партнерка.
Снимањето мало домашно видео само за сопствени очи, тој го доживува како сосема нов степен на интима со саканата. Оттука, оваа идеја честопати им проаѓа низ главата на мажите.
7. Секс во тројка
На многубројни мажи, но и жени, барем еднаш им паднала на ум помислата за секс во тројка. Реалноста говори дека повеќе од 80% од мажите потајно мечтаат да водат љубов со две жени истовремено, ама повеќето од нив, не би се осудиле тоа ни да го изустат. Сметаат дека таквата идеја може да ја повреди саканата. А, во суштина, дополнителната жена во кревет и не би била толку присутна за него, колку за партнерката.
Повеќето фантазии за секс во тројка се сведуваат на тоа двете жени да си играат, а тој да биде споредниот лик – набљудувачот. Истражувањата покажуваат дека четири од пет мажи посакуваат да имаат мала приватна забава, набљудувајќи две девојки во жарот на страста.
Секој маж има некоја скриена фантазија. Притоа, ова не значи дека партнерката не му е доволна. Напротив.
Кога повеќе би се заинтересирала и отворено би поразговарале, можеби желбите им се обострани. Па, тогаш и обајцата ќе го доживеат најдобриот секс што некогаш го имале.
М. А. | Црнобело