Сопругата ми закажува секс еднаш неделно. Се чувствувам како слуга.
Анонимен маж ѝ се пожали на психотерапевтката дека не е задоволен од интимниот живот, а после сексот има чувство како да ѝ служи на својата сопруга. Дознајте што таа му одговорила.
„Мојата сопруга закажува секс еднаш неделно.
Предигрите вообичаено се трошат на нејзино возбудување, а таа секогаш постигнува оргазам пред пенетрацијата.
После сексот, јас останувам празен и жал ми е што чувствувам дека само ѝ служам на неа.
Сакам да експериментирам. Веќе се обидов да разговарам на оваа тема, ама таа одбива да слуша. Идејата ми беше тоа да го решам едноставно, чекајќи таа да ги покрене нештата, за што се сомневам дека некогаш ќе се случи.
Многу ја сакам и навистина ме привлекува. Чувствата на сопругата и децата ги ставам пред сопствените, но почнувам да се сомневам уште колку долго ќе можам така.“
Ова се зборовите на очајниот маж, кој побара стручна помош и совет на The Guardian. Во бракот се чувствува како сексуален роб на партнерката, до таа мера што не може да издржи повеќе.
Психотерапевтката Памела Стивенсон Коноли, специјализирана за третирање на сексуални нарушувања, пак, ја потврди неговата загриженост, признавајќи дека премногу ѝ угодува на сопругата.
„Многу луѓе имаат погрешни верувања. Несебичноста не секогаш е добра работа. Наместо тоа, треба под итно да се воспостави рамнотежа на моќта помеѓу тебе и сопругата. И тоа не само кога е сексот во прашање.
Важно е јасно да ѝ нагласиш на својата жена што ти треба и да побарате некаков компромис. Претпоставувам дека ѝ допушташ да ги контролира повеќето аспекти од вашиот заеднички живот. И тоа би било во ред, кога ти заради истото не би се чувствувал тажно и огорчено.
Време е отворено да разговарате за премолчаниот договор помеѓу вас. Нека таа ги знае твоите вистински чувства за нештата кои ги сметаш за неврамнотежени или нечесни.
Слушни ги и ти нејзините чувства и образложенија. Среќната иднина и добробитта на вашиот однос, зависат од способноста да преговарате за подобра врска, во која постои поголема правда за обајцата.
Сети се дека и вашите деца се несвесно свесни за твојата неодлучна пасивност и последична несреќа. А, треба да ги научиш да имаат здрава самодоверба.“
М. А. | Црнобело