13 работи што жените ги мразат во кревет и треба да ги одбегнувате (18+)
Мажите имаат премногу различни идеи околу тоа што ја поттикнува возбудата кај жените.
Некои од нив се веројатно точни, а некои пак не може да бидат подалеку од вистината. Напротив, не само што не ги возбудуваат, туку и ги иритираат.
Ова се 13 работи кои жените ги мразат за време на сексот, па доколку сакате истиот да биде проследен со „огномети“, најдобро е да одбегнувате:
Премногу „финти“ од порно филмовите
Не заборавајте дека имате секс со нормална девојка/жена, а не со некоја порно глумица. Кога премногу се обидувате да се истакнете, а вашите очекувања се нереални, сексот е прилично катастрофален.
Премногу штипкање, удирање и плескање
Нежно плескање по задникот знае да биде секси, но кога претерувате со грубостите е прилично одвратно. Ниту една жена не сака да се чувствува потчинето или како жртва на сексуален напад.
Премногу непристојни зборови
Неколку валкани зборови кажани на глас умеат да ја вжештат атмосферата, но доколку истото премине во безобразни пцости и навреди, тогаш дефинитивно настапува крај на сексуалниот чин.
Премногу тишина
Никој не вели дека треба да држите ораторски говор за време на сексот, ама да се ставите целосно на „mute“ е исто така погрешно.
Вртење грб веднаш после односот
На некои им е најслатко да си дремнат веднаш после сексот, но тоа не значи да го свртите грбот без збор и да почнете да ’рчите.
Присилување на орален секс
Главата на жената ќе се движи онаму каде што таа сака. Секое нејзино присилно тегнење во правец кон вашиот полов орган е едноставно лош потег.
Практикување на само една сексуална поза
Сакате само мисионерска поза. Или кога таа е врз вас. И толку. Преферирате само една положба, без никаков осет за нејзините желби и преференци.
Премногу грубост со брадавиците
Тие се деликатни и нежни, и иако се ерогена зона, тоа не значи дека треба да се употребува грубост кон нив.
Ејакулирање врз нејзиното лице, коса или очи
Некои го сакаат тоа, а некои не можат да го поднесат. Пред да направите какво било непријатно изненадување, отворено разговарајте за тоа како се чувствува партнерката во врска со овие егзибиции.
Соблекување на долната облека со заби
Да, сме ја гледале оваа сцена во прилично многу филмови и додека за глумците процесот се одвива глатко и мазно, за други е прилично бизарен, непријатен и едноставно одвишен. Слободно прескокнете го.
Скокање на предиграта
Не, предиграта не е преценета. Ниту еден човек не е машина кој едноставно може да се пушти на копче и „запален“ да влета во сексуалниот однос.
Ужасна музика во заднина
Многумина не регистрираат ништо околу нив за време на сексот, но жените и како се иритираат на ужасната музика која оди во заднина. Ако планирате да пуштате ужасна музика, подобро не пуштајте ништо.
Одбивање да се стават кондоми
Штотуку сте се впуштиле во жешката авантура, кога партнерот изјавува дека не сака да стави кондом. Тој веројатно мисли дека ќе попуштите на неговиот притисок само затоа што ви е убаво, а вие ќе продолжите да се расправате зошто одбива да носи заштита. Збогум, сексу.
(О)Милена | Црнобело